Најбрзиот гол во историјата на Европските првенства е дело на Бајрами

По убедливиот триумф на Шпанија над Хрватска, во последниот термин играа Италија и Албанија. Албанците поведоа во 22' секунда со гол кој влегува во Гинисова книга на рекорди како најбрзи во историјата на европските првенства.

На самиот почеток на мечот додека ни навивачите на трибините а ни гледачите крај телевизорите уште не беа наместени, Надим Бајрами постигна ефектен гол.

Вина за тоа носи Федерико Димарко, левиот бек на Интер кој изведе почетнички аут и буквално му асистираше на фудбалерот на 25-годишниот Бајрами кој од прва распали и го совлада неспремниот Донарума.

Овој гол донесе делириум на трибините и рекорд за Бајрами.

Италијанците како актуелни европски шампиони, брзо се вратија од шокот и израмнија после само десет минути а веднаш потоа и направија целосен пресврт 1-2.

АЛБАНЕЦОТ УРНА РЕКОРД СТАР 20 ГОДИНИ

Надим Бајрами станува апсолутен рекордер со најбрз гол во историја на Европски првенства. Тој го урна досегашниот рекорд кој го држеше Русинот Дмитриј Кириченко кој на Европско 2004 на мечот со Грција постигна погодок во 1 минута и 7-ма секунда (67 секунди).

Од останатите рекордери, Јусуф Пулсен од Данска на Евро2020 постигна гол против Белгија за 1:39, а Роберт Левандовски во 2016-та на мечот Полска - Португалија стрелаше во 1:40.

16 јуни 2024 - 07:48