Извесен Милош од Белград изминатава пролет на автопат помогнал на некоја девојка на автопат која била во кола со своето дете и повозрасна жена. Застанал, се вратил во рикверц.
„Во колата беа со дете и позади имаше постара жена. Се виде дека девојката е исплашена. И реков дека ќе побарам помош, да не се грижи и му реков на колегата да почека во кола, додека јас одам по помош за да бидат мирни и не помислат дека нема да се вратам. Кога го решивме дефектот со колата, нè праша дали гледаме фудбал и да и кажеме ако сакаме да одиме на Европско првенство во Германија да гледаме некој меч на Србија. Разменивме броеви.
Кога заминаа, со колегата се насмеавме во стил кај и помогнавме уште нè зафркава...
Не ни кажа дека сопругот ѝ е фудбалер, репрезентативец. После два-три месеци ми ѕвони на телефон и ми се јави Немања Максимовиќ. И помогнавте на жена ми на пат, би сакал да ви се оддолжам. Пратете ми број на пасош и број на пасош на лицето со кое би оделе. И еве, авионски карти, хотел, сместување, карти за натпревар на Европско - сè ни средил.
На приказната убав шмек ѝ дава и информацијата дека Кристина, сопругата на фудбалерот и Немања се заедно уште од младоста, потекнуваат од исто место, Бања Ковиљача.
И така Милош и неговиот другар Владан стигнале на „Фелтинс Арена“ во Гелзенкирхен каде го гледале мечот Англија - Србија (1:0). Имале право доживување и покрај поразот.
„Прво полувреме бевме малку исплашени, во второ одигравме добро. Недостасуваше завршница, некој да даде гол. Искрено очекував да не разбијат, а се испостави дека не се ништо посебно. Сака беше најголем проблем вели Милош и додава како верува во пласман во следна фаза.
Натпреварот завршил, почнал дожд, а на излегување ете ти го Немања Максимовиќ, репрезентативецот кој им се јавил да праша дали е се во ред. Гест со кој Немања покажал колку е благодарен на човекот кој му помогнал на неговото семејство.
Милош раскажува и дека патувале по германските улици, по главни и споредни железнички станици. Особено е тешко за снаоѓање вели кога одите од град во град. Од аеродромот во Дортмунд до смештај во градот, па од таму до главна железничка и воз до Гелзенкирхен.
„Целото патување беше лудо. Стигнавме, не знаевме ни каде ни што. Завршивме со многу српски навивачи во воз. Во Гелзенкирхен сè врви од Англичани. Не успеавме да се втурнеме во превозот до стадионот па тргнавме пешки, па на една споредна уличка му плативме на еден Германец да нè вози.
На враќање налетавме на среќа на двајца наши луѓе. Одеа некаде кон Дизелдроф па ни рекоа - упаѓајте! Нè донесоа буквално до хотел во Дортмунд. Кога им ја кажувам на луѓето целава приказна, сите на прва ми викаат дека лажам. Навистина не мислам дека сум направил нешто спектакуларно. Тоа би требало да им дојде нормално на луѓето да помогнат некому во невоља...“, заклучува Милош.