Ждреб за Лига Европа: Рома доби најтежок противник, АЗ Алкмар пак со турски клуб

Како и Лига на шампиони така и Лига Европа има нов систем: првите осум тимови на табелата автоматски одат во осминафинале, а екипите кои завршија од 9-то до 24-то место ќе играат двомеч во бараж за пласман во осминафинале. Денес ги дознавме паровите за тој бараж.

Генералниот секретар на УЕФА Џорџо Маркети заедно со неговите соработници и со гостинот Ариц Адуриц (легенда и некогашен капитен на Атлетик Билбао кој на 1 меч во Лига Европа постигна рекордни 5 гола) ја влечеа денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Се влечеше по новиот начин на „серпентина“. Тимовите од 9-то до 16-то место на табела беа носители а оние од 17-то место на табела до 24-то беа неносители. Носителите го играат реваншот дома.

Има 8 сада и по два тима во секој сад. По примерот: во еден сад се тимовите-неносители кои завршија на 23-то и 24-то место а во дргуиот сад екипите кои завршија на 9-то и 10-то место па ждрепката се влече меѓу нив. И така до крај.

БАРАЖ ЗА 1/8 ФИНАЛЕ ВО ЛИГА ЕВРОПА:

ФЕРЕНЦВАРОШ - ВИКТОРИЈА ПЛЗЕЊ
УНИОН СГ - АЈАКС
ПОРТО - РОМА
ПАОК - ФКСБ
ТВЕНТЕ - БОДО ГЛИМТ
АЗ АЛКМАР - ГАЛАТАСАРАЈ
ФЕНЕРБАХЧЕ - АНДЕТЛЕХТ
МИДТЈИЛАНД - РЕАЛ СОСИЕДАД

Баражите се играат на 13-ти и 20-ти февруари, осминафиналето на 6-ти и 13-ти март. Четвртфиналните дуели се закажани за 10-ти и 17-ти април, полуфиналето на 1-ви и 8-ми мај.

Големото финале на Лига Европа е планирано за 21. мај 2025 во Билбао.

Мега плејоф битка во ЛШ: Манчестер Сити - Реал Мадрид

31 јануари 2025 - 12:59