Џуд Белингем прогласен за играч на мечот поради голот

Англичаните со триумф го почнаа Европското првенство, но играта не им ветува многу. Славеа 1-0 против Србија а англиските медиуми го критикуваат селекторот за слабо водење на екипата. Единствени пофални оценки доби стрелецот на голот Џуд Белингем кој на крај доби признание за играч на мечот.

После 1. коло во оваа група, Англија има 3 бода, Словенија и Данска по 1 а Србија е без бодови. Во следното коло, во четврток Словенците ќе играат со Србите, а Англичаните со Данска.

17 јуни 2024 - 08:47