За врвните фудбалски достигнувања како тренер, Универзитетот во Парма на Карло Анчелоти му додели титула на почесен доктор во областа „Наука и методи на превентивна и адаптибилна физичка активност“.
Во ефикасниот дуел меѓу Генган и Гренбол во француската втора Лига 2 кој заврши 2-2, домашниот фудбалер Мехди Мергем постигна прекрасен гол од слободен удар.
И покрај тоа што британската влада им напишала отворено писмо на сите спортски федерации во кое ги охрабрува недвосмислено да ги осудат нападите врз Израел и да застанат силно во поддршка на оваа земја, од Фудбалската асоцијација на Англија, барем засега, не би „ставале зачин во туѓи чорби“.
Како предигра на евроквалификациите кои стартуваат вечерва, а нашите играат во сабота против Украина, младите растураат со евроголови. Го видовме Елмас против Полска, а сега да го видиме 18 годишниот Јован Мијатовиќ против Италија, на пријателска која ја реши во финишот и која заврши со голеада.
Македонија У-19 го почна квалификацискиот турнир за ЕП на фантастичен начин, со триумф над домаќинот Полска од 0:2. Погледнете ја мајсторијата на 17 годишниот Елмас кој игра за Гостивар. Како стојат работиве, изгледа ќе гледаме во иднина двајца братучеди во репрезентација.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, фудбалерот од среден ред на Јувентус, талентираниот Николо Фаџоли е предмет на истрага во италијанскиот фудбал поради наводно обложување.
Млад дечко влегува во една скопска кладилница и прашува колку е Борусија Мончеблах? Значи Мончеблах. Ова го имаме дознаено од маалски, добро упатен извор. Е сега слушнете ја оваа верзија и пробајте да ја повторите на глас.
„Ти ќе се заебаваш со мене и јас ќе се заебавам со тебе. Сакаш да си играш со оган, тогаш ќе си играме, ама ќе те изгорам. Го паркирав Ферарито пред неговата канцеларија. Не ми рече ништо за потегот, ама ме игнорираше. До ден денес не сфатив што беше проблемот што ме казни да не играм“.
Очекувано, не дека е неочекувано, Белгиецот Еден Азар реши и официјално да ги закачи копачките на клин и да прекине со активно играње фудбал. Од најдобар фудбалер во Европа во еден момент, до тотален пад и резерва во Реал Мадрид од каде никогаш не се крена повторно.
Минатиот викенд најинтересна вест од фудбалска Европа беше голманот Оливие Жиру кој стави ракавици во последните моменти од мечот со Џенова на гости и го спаси водството на Милан. Французинот е избран и како голман на колото во Серија А а росонерите продаваа и негови голмански дресови. Кои други познати играчи принудно станале голмани? Се сеќавате ли?
Меѓународните олимписки и паралимписки комитети се сè поблизу до одлуката да воведат пет нови спортови на Олимписките Игри 2028 во Лос Анџелес. Веќе во Париз следното лето ќе гледаме нови спортови а некои култни нема да ги има, а за во САД се планираат и не баш познати спортови.
Лестер Сити игра фантастично и на 11 меча во втората лига Чемпионшип имаат 10 победи и 1 пораз. Први се на табела и имаат одлична подлога до крајот од сезоната да обезбедат експресно враќање во Премиер лига. Минатиот викенд во саботата Лестер со 2-0 го совлада Стоук Сити. Стрелци: Ихеаначо и Варди. Ама видете ја оваа асистенција на данскиот стопер Јаник Вестергард која за малку Нигериецот Ндиди не ја круниса со гол. Штета.
Аргентина не е само Бока и Ривер. Погледнете како Баракас Централ го реши Колон де Санта Фе со 2:1, со слободен удар кој заврши на нетипичен спектакуларен и велемајсторски начин. Тренерот одлепи од радост.
Комедијата се случува во Португалија на средбата меѓу Ликсос и Брага за играчи до 23 години. Овде не се знае кој јаде, кој пие и кој плаќа, а главен актер на хаосот е голманот, кој не знае кај тера.
На мечот Лече - Сасуоло 1:1, камерите во тунелот уловија скроз неочекувана и несфатлива ситуација. Главниот судија Хуан Лука Саки ја рецна својата помошничката Франческа Ди Монте и одби да ја поздрави, а таа остана збунета. Случајот стигнал дури до федерација, а италијанските медиуми пишуваат дека можна е суспензија.
Благоја Милевски за квалификацискиот меч против Украина во сабота, дополнително го повика Ердон Даци. Се работи за 25 годишен напаѓач роден во Скопје, кој викендов му го донесе првиот триумф на Вестерло сезонава, во 10. коло од белгискиот шампионат против Кортријк.
Прилично изненадно, најдобриот светски тренер на денешницата, по синоќешниот пораз од Арсенал (1:0), претпладнево се појавил на една конференција „Дијалози за талентот“ во италијанскиот град Кунео.
И овој е Италијанец, по гласот личи на помлад и е сериозен кандидaт за наследник на неприкосновениот Тицијано Крудели кој и на 80 години прави шоу во студио кога игра Милан. Ќе се уверите од реакцијата, кога судијата го потврди голот на Пулишиќ со ВАР. Немало до сега ваква реакција на друг коментатор.
Во студиото на италијанската тв 7, во емисијата Дирета стадио, Тицијано Крудели, легендарниот коментатор на дуелите на Милан, падна во еуфорија кога Кристијан Пулишиќ во 87’ минута даде победнички гол кај Џенова за 0-1. Овој натпревар беше најлуд во цело коло, со црвени картони за двата голмани и со шпицот Жиру како голман на крајот.
Баерн Минхен го збриша Фрајбург со 3:0. Коман беше двоен стрелец на мечот, а топ тема во Минхен и Бундеслигата ова коло е начинот на кој го отвори резултат во 12 минута.
Со головите на Витиња, Хакими и Коло Муани, ПСЖ го доби Рен на гости со 1:3. Мбапе на крај имаше шанса за 1:4, сè направи како што треба, но на крајот имаше пацерски финиш, што е скроз нетипично за класа играч како него.