Португалија славеше со гол во продолжение, Чешка со празни раце

Ефикасното Европско првенство продолжи и вечерва. По четирите гола на мечот Турција - Груција и вечерва паднаа три гола на вториот меч меѓу Португалија и Чешка. Чесите поведоа со прекрасен гол, Португалија победи со погодок во судиско продолжение.

Дваесет и едно годишниот Франциско Консеисао, син на легендарниот Серџо Консеисао имаше историско деби откако влезе во финишот на мечот и постигна злато вреден гол за три бода за Португалијја која заслужено победи 2-1.

Претходно во првиот дел Португалците имаа тотална офанзива но не го отворија резултатот. Сите промашени шанси им ги казни Лукаш Провод во 62' минута со прекрасен гол од далечина, сигурно еден од најубавите на Еуро2024:

Радоста на Чесите траеше седум минути зошто Робин Хранач си даде автогол по една одбиена топка и Португалија израмни 1-1:

До крајот од мечот Португалија притискаше, Чешка имаше свои прилики, а на крајот во 90+2' минута од судиското продолжение нововлезениот Франсиско Консеисао погоди за 2:1 само неколку секунди откако влезе во игра:

На овој натпревар Кристијано Роналдо стана првиот играч со настап на дуру 6 Европски првенства, а Пепе стана највозрасен играч на едно Еуро.

После првото коло во оваа група, Турција и Португалија имаат по 3 бода а Чешка и Грузија се без бодови.

18 јуни 2024 - 22:54