Ѓердан Шаќири е прв играч со голови на дури 6 големи турнири по ред

Швајцарија и Шкотска синоќа ја завршија програмата за среда со реми 1:1. Скот Мектоминеј ги доведе Шкотланѓаните во водство а бод на Швајцарците им донесе Ѓердан Шаќири. Ова е дури шесто големо натпреварување по ред на кое Шаќири дава погоодок. И тоа каков еврогол.

Евроголот на Шаќири на мечот Шкотска - Швајцарија:

Триесет и две годишниот Шаќири има богата репрезентативна кариера за Швајцарија. Тој на голема сцена има дури три прекрасни евроголов од далечина. Од 1966-та година повеќе погодоци од далечина на Светски и Европски првенства од него имаат само пет играчи: Ривелињо, Диего Форлан, Лотар Матеус, Лионел Меси и Мишел Платини.

Шаќири има гол на дури шест Европски и Светски првенства по ред.

ИМА НАСТАП НА ДУРИ 7 СВЕТСКИ И ЕВРОПСКИ ПРВЕНСТВА

Единствен турнир на кој Ѓердан, некогашниот играч на Базел, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Стоук Сити, Лион и сега Чикаго Фајр, е Светското 2010 во Јужна Африка.

Тогашниот селектор на Швајцарците Отмар Хицфилд реши да го повика 18-годишниот Ѓердан од Базел иако овој имал само три настапи за репрезентација до тогаш. Шаќири добил шанса 15-ина минути на мечот протуив Хондурас во групна фаза.

А потоа почнува неговата серија. Пример во Бразил на Светско првенство 2014 постигна хет-трик против Хондурас во групната фаза за само 65 минути. Швајцарците славеа 3:0.

После две години, Ѓердан кој е роден во Гњилане во Србија, постигна фантастичен гол со ножички на Евро 2016. Подоцна во 2018-та во финишот од напнатиот меч со Србија при резултат 1:1 Шаќири истрча од средина на теренот, поведе една брза контра и реализираше еден на еден за победа против директниот конкурент за пласман во следната фаза.

На Евро 2020 кое номинално така се вика а поради пандемијата се играше во 2021-ва постигна три гола. Прво два против Турција благодарение на кои Швајцарците се пласираа во следната рунда. Во четвртфинале Шаќири го израмни резултатот на мечот со Шпанија.

Неговата фудбалска класа ја потврди на Мундијалот 2022 кога повторно беше кобен по репрезентацијата на Србија со гол за пресврт.

Шест големи натпреварувања и минимум еден гол на секое од нив на Ѓердан кој блесна и на последново Европско. За време на следниот Мундијал Шаќири ќе има 34 години и прашање е дали ќе игра.

ИМА ПОВЕЌЕ ГОЛОВИ ОД ЕДЕН РОБЕРТО БАЏО

Ѓердан Шаќири е прв играч кој постигнал гол на последните три Европски првенства и три Светски. Кристијано има подолга серија но се уште е без гол на Еуро2024.

Шаќири има дури 10 гола на големите турнири - повеќе од Роберто Баџо, Робин ван Перси, Фернандо Торес (сите по девет), Патрик Клајверт, Руд ван Нистелрој (по осум), Карим Бензема и Вејн Руни (по седум).

На шесте последни Светски и Европски првенства Швајцарија постигна 32 гола. Повеќе од половина се со гол или асистенција на Ѓердан Шаќири. Тој има 32 гола за репрезентацијата на Швајцарија на 124 натпревари. Од 2010-та година дава гол речиси секоја година освен во 2019 и 2020-та.

ШАЌИРИ ИГРА ВО САД НО И НАТАМУ ГЛАВЕН ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Следниот Мундијал 2026 се игра во САД, Канада и Мексико. Ѓердан Шаќири сега е играч на Чикаго Фајр во МЛС каде е веќе повеќе од две години. И во средата тој стана прв играч од клуб од Северна Америка кој дал гол на Европско првенство.

Во летото 2021 Ливерпул за шест милиони го продаде во Лион а Французите после шест месеци го продадоа за седум милиони евра во Чикаго. Таму спортски директор бил Јорг Хајц кој работел во Базел уште кога Шаќири ја почнувал таму кариерата.

Ѓердан има 16 гола на 75 натпревари за две ипол години во Чикаго Фајр. После трофејните престои во Базел, Баерн Минхен и Ливерпул, во МЛС нема баш никакви успеси. Чикаго не бил повисоко од 12 место во својата Конференција во последните две сезони.

Во последното коло Швајцарија ќе игра со Германија а Шкотска со Унгарија.

20 јуни 2024 - 08:06