Каква драма во Хамбург, Албанија храбро до бод против Хрватска во продолжение

Во Хамбург попладнево на „Фолкпаркштадион“ Албанија и Хрватска одиграа фантастичен меч со дури четири погодоци.

Албанија сензационално поведе прва против Хрватска со голот на Љачи во 11' минута. Го чуваа водството Албанците до 74' минута, Хрватска имаше целосен посед, доминација и многу шанси но дури тогаш го скрши отпорот на ривалот.

Прво Андреј Крамариќ во 74' минута, па после Клаус Ѓасула со автогол во 76' минута донесоа пресврт за „коцкестите“. Во судиското продолжение токму Клаус Ѓасула се извади и донесе огромен бод за Албанија! Конечни 2:2.

0-1 Љачи:

1-1 Крамариќ:

2-1 Ѓасула а.г.:

2-2 Ѓасула:

После вториот одигран меч, Хрватска има само 1 бод, Албанија исто има 1 бод. Шпанија и Италија вечерва од 21:00 го играат дербито на колото. Обете селекции имаат по 3 бода од првите натпревари. 

19 јуни 2024 - 16:34