Херман Кано е 36-годишен Аргентинец кој игра во Бразил, за Флуминенсе. Минатата сезона бил убедливо најдобар стрелец и ја добил „златната копачка“ со 26 гола. Сега на мечот против Васко да Гама дал два погодоци. Првиот во 69-та минута, а вториот во 90+6’ минута од судиското продолжение кога со еврогол ги поставил конечните 2-0.
Човекот кој направи балкански гигант, мајстор за трансфери, дрзок и безобразен со новинари, многу вешт, харизманичен, арогантен, авторитет број 1 во хрватскиот фудбал со статус на бегалец веќе пет години во БиХ, се одјави од фудбалот.
Атлетико Мадрид игра топло-ладно цела сезона. Во неделата со 0-1 на гости ја победија Селта во Виго со првиот гол на новајлијата Мемфис Депај и му се приближија на четири бода на третопласираниот Реал Сосиедад. Но друг ни е муабетот.
Во шестото коло од мексиканското првенство, во тамошно дерби меѓу Тигрес УАНЛЛ и Пумас УНАМ, домаќините победиле 4-2. Два погодоци за домашните дал кој друг ако не ветеранот Андре-Пјер Жињак во 44’ минута од пенал и во 90’ за конечен резултат. Волеј каков што само тој може да погоди.
Во клучниот дел од сезоната ПСЖ игра очајно. Пред продолжение на Лига на шампиони каде во 1/8 финале ги чека Баерн Минхен, Парижаните претрпеа два тешки порази, прво од Марсеј 2-1 па од Монако 3-1. Во саботата тренерот Галтие го стави 17-годишниот стопер Ел Шадаил Битшиабу во прв тим, а овој беше директно крив за првиот гол на домашните уште во 4’ минута после едно чудно движење како првпат да игра фудбал.
Земјотресите на истокот од Турција беа најразорни во последните дваесетина години. Ги споредуваат со страшната катастрофа од 1999-та кога разрушен бил градот Измит. Оваа трагедија тогаш, како и последните земјотреси од пред неколку дена се одразија многу и на светот на спортот.
Ренџерс едвај со 3:2 го совлада второлигашот Партик Тисл и се проби до четвртфиналето на Купот на Шкотска. Овој натпревар ќе се памети по фер плеј потегот на сезоната кој го направи тренерот на „ренџерите“ Мајкл Бил.
Ако треба да избереме најтемпераментен тренер меѓу актуелните, тоа сигурно е Масимилијано Алегри. Не мирува човеков во последно време, а доказ за тоа колку претерува со неартикулирани реакции и крици е тоа што почнаа да му се смејат и неговите навивачи, а од синоќа и коментаторите.
И покрај сите промени и турбуленции во клубот, Барселона е сериозно решена да граби кон титулата. Имаат само еден пораз по 21 коло, оној на Ел Класико на 16 октомври, а во 2023-та имаат 11 од 11 на сите натпреварувања. Барса е единствен клуб во најсилните 5 лиги со само 7 примени голови.
Не може секој да биде фудбалски судија. На мечот Дукаѓини - Приштина, конечни 1:0, на домаќините им досуди фаул од тепка за време на корнер од кој падна автогол. Потоа гледаше ВАР за да сфати дека досудил непостоечки фаул, па го призна голот и само ги изнервира гостите.
По погодоците против Сампдорија и Јувентус, Елиф Елмас го запишува и третиот гол за Наполи во 2023-та, вкупно шести сезонава. Само 9 минути откако влезе во игра против Кремонезе, го зголеми резултатот на 3:0. Наполитанците имаат +16 пред Интер кој утре и гостува на Сампдорија.
Јувентус минува низ тежок период. По казната за финансиски малверзации на управата поради што им беа одземени бодови, Јувентус речиси извесно може да остане без еврокуп следната сезона. Бјанконерите во неделата ја совладаа Фиорентина 1-0 со голот на Адриен Рабио, а тренерот Алегри се расправаше со навивачи кои исвиркувале домашни играчи.
Во последниве три гола, Стефан Ристовски постигна два гола со кои Динамо Загреб победува во хрватскиот шампионат. По погодокот против Локомотива Загреб, ова коло капитенот на Македонија фантастично реагираше на асистенцијата на Батурина за конечни Динамо - Истра 1:0.
Време е за градско дерби во Англија и тоа понеделничко од 21:00. За Ливерпул враќање на загубената игра и доверба, за Евертон бегство од опасната зона. Легендарниот Стиви не знаеше да даде обичен гол против големиот ривал.
Милан - Тотенхем и ПСЖ - Баерн се двојките кои во вторник ги стартуваат осминафиналните битки во ЛШ. УЕФА почнува да билда атмосфера на Твитер и прашува кои се играчите со број 27 и 19 од легендарниот состав на Мурињо. Одговорот е пердув лесен.
Не би да судиме по изглед, ама еден од најдобрите на сите времиња да се радува против ваков лик на ист начин како против Барса, некако не оди. Кире Трајчев од Силекс е Паљука за овој.
Хукот кој го прават мароканските, туниските, алжирските и египетските навивачи е претерано добар. Ако долги години без да се трепне се гледаа аргентинските, турските, грчките, српските и италијанските навивачи, сега во последно време Европа сè повеќе гледа накај северна Африка.
И тоа во прва лига. Од коментарите на Твитер издвојуваме: Ова да му го направеа на некој во Јужна Америка, цел стадион ќе им се симнеше на тие двајцата.
Чудни фотографии пристигнаа од фудбалскиот натпревар меѓу Ал Наср и Ал Вехда во Саудиска Арабија. Додека Кристијано Роналдо се радуваше на четири гола, на трибините на Мрсол парк имаше рој од скакулци.
Од повеќето кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ која ФИФА ја доделува за најубав гол на годината во светот на фудбалот, на крајот кругот се скрати на тројца номинирани. Меѓу нив е и полскиот фудбалер Марцин Олекси кому му е ампутирана едната нога и кој игра во првенство за хендикепирани лица.
Судеше финале на ЕП У-19, четвртфинале во Лига на шампиони, а стигна и до сениорско Европско првенство за жени. Александар Ставрев кај жените е Ива Пројковска.
И девет дена после големото, огромно интервју на Здравко Мамиќ за Моцартспорт, уште се прераскажуваат неговите зборови. Мамињо на маса стави еден куп анегдоти од времето поминато како алфа и омега во Динамо, раскажа и кои се луѓето кои сакаат да му го земат клубот додека тој е во бегство во Меѓугорје.
Фондот на најдобриот фудбалер на денешницата според многумина, Лионел Меси, одвоил 3,5 милиони евра за хуманитарна помош за подрачјата погодени во страшните земјотреси во Турција и Сирија.