Фудбал

Марко Ројс на заминување цела трибина ја почасти пиво

Легендарниот германски фудбалер имаше господско испраќање на „Сигнал Идуна парк“. Возврати мангупски со многу јак и ретко виден гест.

Баер Леверкузен шампион без пораз - влезе на вечната листа на рекордери

Со победата од 2-1 над Аугзбург во последното коло од германската Бундеслига, шампионот Баер Леверкузен и официјално ја заврши сезоната во германската лига без пораз - 28 победи и шест нерешени на патот кон трофејот.

Пеп Гвардиола емотивен на прослава на титулата, со огромна почит зборуваше за Клоп

Конечно бидна и тоа. Заврши драмата во Премиер лига. Во последното коло Манчестер Сити со 3-1 го совлада Вест Хем, го сочува првото место и ја освои шампионската титула со 91 бод, два повеќе од Арсенал кој има 89.

Норвежанец му даде 4 гола на Реал Мадрид за 17 минути

Во претпоследното коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч кој заврши со дури осум гола! На крајот реми 4:4. „Кралевите“ водеа 1-4 но норвешкиот шпиц Александар Серлот беше упорен и не дозволи Виљареал да изгуби.

Шпалир на Енфилд Роуд за крај на ерата на Јирген Клоп

Ливерпул експлодираше од емоции на последниот меч на Клоп. Од навивачи до играчи, никој не остана рамнодушен поради заминувањето на харизматичниот мангуп кој им ги исполни соништата. Ван Дајк липаше од солзи.

Како изгледаше последната средба на Клоп со новинарите

Во негов стил: „Мислам дека нема да ми недостигате, но ако тоа се случи, само ќе ја погледнам оваа фотографија и тоа чувство ќе исчезне“.

Нов гол на Трајковски со кој го најави пресвртот на Хајдук

Хајдук ја совлада Горица 2:1 со пресврт, во претпоследното коло од хрватскиот шампионат. На Александар Трајковски му тргна дури на крајот од сезоната. Има 3 гола на последните 6 средби или вкупно 4. Македонскиот напаѓач го израмни резултат во 30 минута.

Мурињо: Модриќ е убавината на фудбалот

Жозе Мурињо го смета Лука Модриќ за гордост и вели дека кога го однел во Реал Мадрид, никој не верувал дека е за таму, а уште игра после толку години.

Арсенал 2004 vs Баер Леверкузен 2024

„Непобедливите“ на Арсенал е приказна која уште се раскажува. Ама погледнете го вие внимателно хитот на сезоната во Европа какви бројки вади. Да потсетиме, имаат уште едно коло во Бундес и финалиња во Куп и ЛЕ.

Клоп се испрати со сите вработени на Енфилд Роуд

На Енфилд Роуд веќе на големо траат подготовките за последниот натпревар на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. Во недела против Вулверхемптон германскиот тренер за последен пат ќе ја води екипата. После 9 години во кој направи ренесанса и му донесе на клубот пехар во Лига шампиони, титула во Премиер лига која ја чекаа цели 30 години, два ФА купа, два Карабао Купа, европски Супер Куп и Светско клупско првенство.

Во Аргентина дебитираше 14-годишно дете

Со само 14 години и 29 дена, Матео Аполонио стана најмладиот дебитант во историјата на аргентинскиот и веројатно светскиот фудбал. Тој во четвртокот вечер влегол во игра од клупа за резерви на мечот меѓу второлигашот Депортиво Риестра и Њуелз Олд Бојс (0-1) од осминафинале на Купот на Аргентина.

Патувал 11 месеци од Монголија до Олд Трафорд со велосипед, а застанал и во Скопје

11 месеци, 14.000 км и 20 земји содржи неверојатната авантура на дечкото кој се претставува како најголем навивач на Манчестер Јунајтед. Вредеше на крај. Му се исполни сонот.

Најоригиналната восочна фигура ја има Мбапе

Еден од најдобрите светски фудбалери на денешницата, сјајниот Килијан Мбапе за неколку недели и официјално треба да биде промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид кој ќе прави свечена церемонија за отворање на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Во меѓвуреме Килијан бил поканет на свечена претстава на неговата восочна фигура во најпознатиот музеј на светот за возочни фигури - Мадам Тисо во Лондон.

Водич по стадионите на кои ќе се игра Европско првенство 2024 во Германија

Европското фудбалско првенство 2024 започнува за помалку од еден месец а отворањето ќе биде на „Алијанц Арена“ во Минхен. Германците педантно ги уредуваат сите постоечки места на одигрување (10 стадиони) и за очекување е едно од најдобрите европски организирани некогаш.

Шупелки на колото

Во мечот од втората руска лига меѓу Чаика и Металург Липецк, домашните фудбалери излегуваат сами пред гол и се заплеткуваат. Павел Долгов промашува празен гол, а истиот играч се спасил што дал победнички погодок во текот на дуелот.

Говорот на Тен Хаг лани и сега бил ист

Манчестер Јунајтед ја повтори најлошата сезона уште од крајот на седумесетите години. Имаат 14 порази во Премиер лига со дури 58 примени голови, нешто што навивачите не го паметат со децении. Најтрофејниот англиски клуб по број на титули минува низ тежок период, а тренерот Ерик Тен Хаг си држи до тоа како ништо да не било.

Со двојни петици почнавте а?

Ќе речеш Шведска е тоа, нема таму атрактивен фудбал за око, ама гледајте колку фина и велелепна акција изведоа фудбалерите на Дјургарден. Една петица, па друга и на крај супер завршница.

Навивачите на Болоња згрмија во чест на Михајловиќ

И во моментите кога го слават еден од најголемите успеси во историјата на клубот, а тоа е пласманот во ЛШ, навивачите на Болоња не го забораваат човекот кој до последен здив се бореше за нив. Тешко болен преку видео повици ги охрабруваше од постела и упорно се враќаше да ги води и на терен. 

Хесус Навас - легендата и капитен на Севиља заминува после 17 сезони

Легендарниот Хесус Навас за Севиља е она што е Хоакин за градскиот ривал Бетис - права вистинска легенда. Севиља објави дека Навас по крајот на сезоната заминува од клубот во кој помина 17 сезони во два мандати (беше четири сезони во Манчестер Сити) и одигра 688 натпревари. Освои 8 пехари од кои 4 во Лига Европа и 2 во шпанскиот кралски Куп со што е најтрофејниот играч и фудбалер со најмногу настапи за Севиља.

Наутро е ѓубреџија, навечер тренер кој направи чудо во село со 8.000 жители

„Се будам во 3, го собирам ѓубрето до 10 и потоа трчам на тренинг. Ќе продолжам и следната сезона. Но, немојте да го нарекувате ова бајка, ние стварно играме фудбал".

Столе стигна до рекордно остварување во дресот на Рајо

Првиот чувар на голот на македонската фудбалска репрезентација стана голман со најголем број настапи во историјата на Рајо Ваљекано.

Во Русија падна еден од најбрзите голови во историјата

Белорускиот фудбалер Николај Иванов (24) на мечот меѓу неговиот Пјатигорск и Химик во втората руска лига постигнал гол за три секунди од центар на теренот. Со овој гол влегува во историските книги за рекорди. Еден од најбрзите погодоци во историјата. Николај има веќе неколку голови од далечина, а кога тренерот на Пјатигорск приметил дека гостинскиот голман е излезен далеку од својот гол му повикал на својот играч да проба.

Ракун го прекинал мечот Филаделфија - Њујорк во МЛС

За време на натпреварот меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити кој завршил 1-2 за гостите, на стадионот „Субару Арена“ во Пенсилванија истрчал ракун кој некое време не можеле да го скротат и го прекинал мечот накратко.

Ракета на вечерта во Копа Либертадорес

Во 5. коло од групна фаза во Копа Либертадорес, Палмеирас со 2-1 го совлада Индепендиенте дел Вале. Најубав од трите гола на дуелот беше оној на Ричард Риос во 36’ минута од слободен удар. Палмеирас со овој триумф има 13 бода и е сигурно пласиран во следна фаза.