Фудбал

Алегри тотално полуде и почна да се соблекува на крај

Чуден и многу нервен лик е Масимилијано Алегри. Збеснува и кога победува и кога губи. Заминува како втор најтрофеен тренер на Јувентус, веднаш зад Џовани Трапатони.

Кавани е незапирлив и на 37 години

Бока Јуниорс во Единсон Кавани очигледно доби ветеран кој доживува втора младост. Постигна гол и во Копа Судамерикана против Форталеза, а натпреварот заврши 1:1. Уругвајскиот голгетер има 11 гола на 16 меча на сите натпреварувања.

Пеп со порака до критичарите

Во недостиг на аргументи зошто ги парчосува противниците на терен, Пеп Гвардиола кој бележи сјајни резултати каде и да беше тренер: во Барселона, во Баерн Минхен и во Манчестер Сити, го критикуваат дека многу трошел. Тој им одговори, ако е до трошењето, тогаш Јунајтед, Челси и Арсенал требаше да ги освојат сите титули.

Најголемиот талент во школата на Реал Мадрид

Во познатата Фабрика, академијата на славниот Реал Мадрид неодамна признание за најдобар играч на сезоната во младинските категории добил малиот Уго Ернандез. Права 10-ка, топката му се лепи за нога, а овој бисер ако продолжи да го надоградува својот раскошен талент наскоро може да биде и во прв тим.

Како се калеше пехарот за Баер Леверкузен во леарница?

Фудбалот е затоа убав, од причина што од нигде никаде ќе се случи некое фино изненадување, игра во која фаворитот не секогаш е сигурен победник. Таква е филмската приказна за Баер Леверкузен кој сензационално стана шампион на Германија иако на почеток на сезоната беше во најдолниот дел од табелата. На крај убедливо ја минаа целта пред Баерн Минхен а ги чекаат уште два дуели за два историски пехари.

Па добро, ова веќе личи на „Театар од соништата“

Видеата од поплавите на Олд Трафорд не се добри за реномето на клубот, кое и онака го загуби по заминувањето на Ферги. Кај имаат проблеми од фудбалски и организациски карактер, уште па се посрамотија и со прокиснување, како да се работи за некој потпросечен клуб во потпросечна лига, каде нема пари да се плати мајстор за кровот. Но не е сè така црно за Манчестер Јунајтед. Потенцијалците треба да се користат, само треба да му текне на човек.

Астон Вила во Лига на шампиони после 41 година - какво чудо створи Унаи Емери

Кога пред неколку недели категорично одбил да стане нов тренер на Баерн Минхен по крајот на сезоната, со објаснување дека веќе работи на голем проект, на крајот врвниот баскиски стратег Унаи Емери покажа на што мислел. Ја внесе Астон Вила во Лига на шампиони!

Автоголот кој остана енигма и по 16 години

Налетавме на чудно парче видео од четвртфинален натпревар во Унгарскиот Куп, одигран во 2008-ма. Павел Џурика од Фехервар се обиде нешто да направи, ама и самиот изгледа не знаеше што сака да направи. Му се чудеа сите.

Тренерот на Тотенхем дрзок со еден навивач на Тотенхем

Иако на почеток на сезоната делуваше дека грчкиот Австралиец Ангелос Енџ Постекоглу ги склопи коцките во Тотенхем, сепак Спарс врзаа долга серија лоши резултати, претрпеа неколку порази и на крајот по сè изгледа ќе се задоволат само со пласман во Лига Европа. На дербито со Манчестер Сити (0:2) навивачите на Тотенхем иронично навивале за Сити и ги прославувале головите на противникот со цел нивниот омразен ривал Арсенал да не ја освои титулата.

За вакво промашување нема оправдување

Го измами и стоперот и голманот, а потоа сам себе се измами. Шведска втора лига.

Зидан ја прима и везе на 51 година, цела трибина на нозе

Ако се прашувавте, каде е и што прави докторот? Го викнале на егзибициски хуманитарен натпревар. И не треба никој друг да викаат. Дајте само вакви снимки од него од што повеќе агли. Уметник.

100% шанса на Тотенхем за реми, Пеп легна на земја

86-та минута од мечот меѓу Тотенхем и Сити беше доста зезнат за гостите бидејќи многу малку фалеше да им се искомпликува патот до одбраната на титулата. Сон излезе пред голман и можеше да израмни на 1:1, Гвардиола срце ќе го стегнеше.

Делириум на забавата на Астон Вила, со шампањско го славеа влезот во ЛШ

Манчестер Сити не е единствениот тим кој се радуваше на нивниот триумф против Тотенхем, туку и Астон Вила. Поводот е посебен.

Најјаките 5 арапски коментатори

Реакциите понекогаш им се толку искрени, народски, едноставни што не можеш да не ги преслушуваш по неколку пати. Некои ви се познати.

И Пеп има одговор на тоа ваше „колку пари потроши“

„Премиер лигата била досадна? Претходно викаа до парите е... Ако беше тоа причината (парите), тогаш Јунајтед ќе ги освоеше СИТЕ титули. Второ, Челси. Сите титули! Трето, Арсенал! Сите титули! Тие потрошија повеќе пари од Манчестер Сити во последните пет-шест години. Тие МОРАШЕ да бидат тука на врвот“.

Нестварно промашување на дуелот Астон Вила - Ливерпул

Четвртопласираната Астон Вила му извади 3:3 на третопласираниот Ливерпул после негатива од 1:3 и тоа со голови во 85-та и 88-ма минута. Во 36 минута се случи промашувањето на сезоната во Премиер лигата, дело на Диего Карлос.

Ова е најлошиот Јувентус од кога и да е

Ако некој ви каже дека Јувентус на последните 17 меча во Серија А имал само три победи, дали би му поверувале? А уште па и притоа да ви каже дека на таков катастрофален учинок со уште помизерна игра и натаму е четврти со 67 бода, тогаш прашање е што ли се случува таму?

Голманска пакост

Во англиската четврта лига, позната во тамошниот систем како League Two, во полуфинале на бараж за пласман во трета лига, Донкастер го добил првиот меч 0-2 на гости кај Кру Александра. Ама овие возвратиле на реваншот со ист резултат 0-2 па после продолженија отишле на пенали. Таму домашниот голман Ло-Тутала си имал на шишето напишано кој фудбалер на Кру обично каде шутира пенали. Ама другиов голман, 27-годишниот Полјак од Кру му го заџитарил шишето далеку во публика на трибини.

Аргентинскиот голман Мартинез стана рекордер по автоголови

Астон Вила и Ливерпул одиграа врвен меч со дури 6 гола а црвените може повеќе да жалат затоа што примија два гола во рок од само две минути. А Ливерпул прв го отвори резултатот уште во 2’ минута кога ексцентричниот и непристоен аргентински голман Емилијано Мартинез си даде глуп автогол, негов трет рекорден откако е во англискиот фудбал. Ниеден голман во Премиер лига не си дал повеќе автоголови од него.

Во Иран падна гол-кандидат за најубав на сезоната

Фариборз Герами, 31-годишниот фудбалер на Зоб Ахан, клуб од Иран, на меч против Паикан ФК постигна неверојатно голчиште.

Почнаа и во Англија валкано да играат

Глупата навика на навивачите ширум Европа да се поткраднат во некоја грмушка близу хотелот каде спие противничката екипа и во најсладок сон во 2-3 часот после полноќ да им згрмат долгоминутни рафали огномети ја префати и Англија. Така навивачи на Арсенал кој грчевито се бори за титула со Манчестер Сити отишле пред хотелот каде престојуваат „граѓаните“ и го сториле истото. Сити вечерва од 21:00 игра можеби решавачки меч за титула против Тотенхем на гости.

Фабрегас го внесе Комо во Серија А - најраскошниот град ќе има прволигаш после 21 година

Серија А од следната сезона ќе биде уште поубава. После повеќе од две децении се враќа Комо, клуб кој игра на самото најпознато езеро во подножје на Алпите.

А што да му правам кога е толку висок?

Во холандската Ередивизија има уште едно коло до крајот. Ексцелзиор се бори со РКЦ Валвајк за опстанок. Обете екипи имаат по 29 бода а во последно коло Ексцелзиор му гостува на Феенорд кој е од нивниот град Ротердам, а РКЦ Валвајк ќе оди кај шампионот ПСВ Ајндховен. Тренер на Ексцелзиор е 198 сантиметри високиот џин Маринус Дијкхујзен. Кога го интервјуираат од ЕСПН, водителката се качува на куфер за опремата.