
Јувентус последен пат изгубил 0:4 на домашен терен во далечната 1967-ма година, што значи дека речиси шест децении требале да минат за црно-белите повторно да доживеат тежок блам.
Последен пат Јуве четири пати ја вадел топката од своја мрежа на стадионот „Комунале“ во градското дерби со Торино кој и ден-денес игра на истиот стадион.
Стрелци на головите за Аталанта во историскиот триумф во 28. коло од Серија против Јувентус беа: Матео Ретеги (пенал) во 29-та минута. Во 46-та минута на 0:2 зголеми Мартен де Рон, Давиде Ѕапакоста даде гол за 0:3 во 66-та минута а во 77-ма Адемола Лукман го постави конечниот резултат.
Последен пат Јувентус со 4 гола изгубл на 13-ти јануари 2023-та година кога Наполи ги згроми 5:1 во Неапол. Тифозите на Јувентус на полувремето ја исвиркаа екипата а свирежите станаа уште пожестоки во вториот дел. Навивачите на Јуве скандирале и навреди против управата за која викале дека е срамна.
0-4 - Juventus lost an home Serie A match with a margin of at least 4 goals for the first time since 22 October 1967: 0-4 in a derby against Torino. Poker.#JuveAtalanta #JuventusAtalanta #SerieA
— OptaPaolo (@OptaPaolo) March 9, 2025