Каква пензија, какви бакрачи, нов гол на Кристијано Роналдо

Португалскиот ас постигна нов гол за саудискиот Ал Наср. Вкупно 926. погодок во неговата блескава кариера со што се приближи до чудесната бројка од 1.000 гола која му е нескриена цел.

Epa images
Epa images
Epa images

Ал Наср одигра 2-2 против Ал Шабаб во саудиската лига во натпревар на кој од 44-та минута до 45+7' минута во судиско продолжение од првиот дел паднале три гола. Кристијано Роналдо дал гол за 2-1 пред полувремето.

Кристијано Роналдо го постигна 926-от гол во кариерата а неверојатно звучи податокот дека дури 463 погодоци дал после 30 години. Во последната деценија Роналдо забележал исто толку голови како и во претходните 13 години, односно од дебито за неговиот матичен клуб Спортинг Лисабон во 2002. година.

8 март 2025 - 07:56