Артета лут напушти интервју

Арсенал уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако ремизираше 1-1 против најслабиот Манчестер Јунајтед во последните неколку години. „Топџиите“ одиграа само 1-1 и се спасија од пораз затоа што нивниот голман Шпанецот Раја на неколку пати спасуваше чист гол. Сега бодовната разлика меѓу првиот (Ливерпул) и вториот (Арсенал) на табела во Премиер лига е цели 15 бода. Трката за титулата практично како да подзавршува.

Epa Images
Epa Images
Epa images

Микел Артета, тренерот на Арсенал, фрустриран после натпреварот, по новинарски прашања: „Дали згрешил што во јануари не донел засилување“ и „Дали сега веќе трката за титулата е готова“ напушти интервју и си отиде:

10 март 2025 - 08:34