Потег на колото на син му на Клинсман

Во италијанската втора лига Серија Б, во екипата на Чезена брани Џонатан Клинсман. Голманот е син на легендарниот Јирген. Чезена во моментов е на 6. место на табела со 40 бода, а тоа место води во баражот за Серија А. Клинсман-помалиот на средбата против Салернитана требал да брани пенал во 82-ра минута. Го прашал детето задолжено за фаќање топки на која страна да се фрли? Му рекол на десна. Откако го одбранил пеналот со парада во десно, Џонатан Клинсман му го подарил дресот на малиот Иван.

7 март 2025 - 13:08