Стариот добар Клаудио Раниери уште еднаш потврди дека е мајстор на својот занает. Тој се врати од пензија со цел да и помогне на саканата Рома која беше во сериозна криза. Сега со него на клупата Рома има 6 победи по ред (5 во Серија А). Попладнево го совладаа Емполи 0-1 со гол на сјајниот млад аргентински бисер Матијас Суле. Во 22-ра секунда, гол кој влегува на листата најбрзи во историјата на италијанскиот фудбал.
Голот на Суле е најбрзиот за Рома на натпревар во Серија А. Претходно Франческо Тоти постигна гол после 30 секунди против Чезена на 21-ви јануари 2012-та.