
Диего беше член на Вердер Бремен три сезони а во тој период им помогна да завршат два пати на второ место во Бундеслига и еднаш трето. Диего го водеше Вердер и до полуфинале и финале на Куп на УЕФА (2007 и 2009).
Овој бразилски генијалец со топката дресот на Вердер Бремен го носеше на 132 натпревари во кои заби 54 гола и имаше 42 асистенции.
Во негова чест спонзорот на екипата, Хумел дизајнирал нов дрес. А дресот потсеќа на оној кој Диего и Вердер го носеа во сезоната 2006/2007 кога Бразилецот постигна еден прекрасен гол. На 20-ти април 2006-та на меч против Алеманија Ахен даде погодок од своја половина:
Видеото за промоција на дресот: