Фудбал

Необичен фудбалски стадион, па уште и во Норвешка

Не знаеме дали го копирале ФК Дељадровце или РК Пелистер, само знаеме дека на КФУМ Осло дефинитивно им застанал саатот и се многу назад со модата. Кире Лазаров во книгата „Секогаш на победа“ раскажува дека кога играл во Битола на крајот на 90-те, за да се избања после натпревар морал да излезе надвор од сала во студот, бидејќи тушевите не им биле во сала.

Водачот Бора на бродот со лудаци за Бари и солзите по голот на Панчев

„Да не победевме, ќе го потоневме бродот на враќање“.

Како во Селта известија играч дека е викнат за репрезентација?

Тренерот на Селта, Клаудио Гиралдез го сецна Оскар Мингеза за играта во одбрана дека била срамота, а потоа му рече дека е уште поголема срамота што Луис де ла Фуенте го викнал да игра за Шпанија.

Прваче на годината

Што оценка ќе има по физичко? Петка, од прво до крај.

Шмајхел за Манчестер Јунајтед: Ми доаѓа за заплачам

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел во друштво на Мајкл Овен и Пол Сколс, зборува за очајот на клубот кој никако да заврши. „Зборував со Сер Алекс. Што сè има направено за овој клуб. Седам со него и тој го гледа ова. Тоа за мене е многу тажно. Ми доаѓа за заплачам“.

Ретко видео од Роналдињо на мал фудбал

Бразилецот одвреме-навреме игра на ревијални натпревари во мал фудбал и покажува каква дарба поседува. Во 2017-та година играл во професионалната лига во мал фудбал во Индија каде правел шоу. Играл за тимот Гоа, трибините биле преполни за него и многу придонел за развој на малиот фудбал во оваа земја.

Брзај брзај прваче на првиот час и во Шпанија

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте кој летово ја направи Шпанија нов европски шампион и донесе титула која бурно се прослави во Мадрид, сега на необичен начин го соопшти составот на репрезентацијата за натпреварите кои следат во Лига Нации.

Немој друг пат со ножички ок?

Примерот за тоа како не треба на прва, ни доаѓа од Хонг Конг. Штопни си ја друг пат друже, прозори ќе искреше ако ја фукнеше посилно.

Суарез најави крај за Уругвај и се расплака на прес-конференција

Триесет и седум годишниот Луис Суарез најави дека ќе се повлече од репрезентацијата. На прес-конференција, „Ел пистолеро“ се расплака и кажа дека натпреварот против Парагвај од квалификациите за Светско првенство 2026 кој се игра во петок во Монтевидео на стадионот „Сентенарио“ ќе биде негов последен во небесно-синиот дрес на Уругвај.

Играч на Нирнберг истепан зошто носел дрес од Баерн Минхен

Пред неколку дена фудбалерот Никлас Зомер објавил едно видео на кое зборува облечен во дрес на Баерн Минхен и ја нарушил својата репутација кај навивачите на Нирнберг, клуб за кој игра и кој го плаќа.

Осимен манија во Истанбул

Во Турција дефинитивно поинаку се доживува фудбалот. Во 3 по полноќ го чекаа новото засилување, меѓу нив и деца.

Бербатов со поздрав од морето

Најдобриот бугарски фудбалер после Христо Стоичков, Димитар Бербатов и на одмор знае да покаже што правеше на времето додека беше активен фудбалер.

Вардаровите легенди го отворија турнирот „Сокол“

Поранешните фудбалери на Вардар кои со голем успех го носеа црвено-црниот дрес, и официјално го отворија меморијалниот турнир „Оливер Соколов - Сокол“. Годинешново издание е јубилејно 20-то, наградниот фонд е рекорден, а пријавени се екипи од целата земја кои ќе демонстрираат вештини во мал фудбал.

Ф-е-н-о-м-е-н-а-л-н-о

Триесет и шест годишниот Ивор Вајцер кој игра за НК Опатија во втората хрватска лига, го постигна најубавиот гол досега сезонава во хрватскиот фудбал. На мечот против Рудеш додека неговиот тим играл со играч помалку, Вајцер му одзел една топка на противничкиот фудбалер Пасаричек и постигнал еврогол од пола терен во 68’ минута.

Нема поголема радост од голмански гол во последен момент

Некогашниот гигант Бордо како што е познато, веќе некое време поминуваше низ крајно драматична криза па летово француската фудбалска федерација поради долгови и стечај го исфрли овој клуб во четврта аматерска лига. Таму Бордо после 1 одигран натпревар има 1 бод кој им го донесе 23-годишниот голман Ласана Дијабате со ефектен гол со глава во длабоко судиско продолжение.

Каземиро, време е

Триесет и две годишниот Бразилец кој 9 сезони беше член на Реал Мадрид со кого освои дури 5 пехари во Лига на шампиони, 3 шампионски титули во Ла Лига, веќе извесно време не е тоа што беше. Навивачите на Манчестер Јунајтед за дебаклот од Ливерпул 0:3 на „Олд Трафорд“ со прст покажуваат во него. Има и зошто.

Ван Дајк до Лисандро: „Дојди кај мене пробај така“

Ливерпул уште еднаш, по којзнае кој пат во последниве сезони го разби Манчестер Јунајтед. Славеа црвените убедливо 0:3 на „Олд Трафорд“ со двата гола на Луис Дијаз и еден на Мохамед Салах. Фрустрацијата на фудбалерите на Манчестер се рефлектираше преку прекршокот на Лисандро Мартинез кој го покоси Собослаи. Ван Дајк имаше што да му каже.

Е па Џеси, сам си го бараше

Некогашното дете на Манчестер Јунајтед Џеси Лингард кој за овој клуб одигра 149 натпревари и постигна 20 гола од февруари годинава е во корејскиот клуб Сеул. Лингард сега објави едно видео како учи корејски од неговите соиграчи. И ги прашува како на корејски да каже „Ти“? Му кажуваат и за ти ама и за вие.

Мбапе почна да дава голови и го смири Реал Мадрид

Реал Мадрид по неубедливото реми со Лас Палмас (1:1), синоќа со 2:0 го совлада Бетис на свој терен и освои 3 бода. Најголемата ѕвезда на преодниот рок Килијан Мбапе конечно ја затресе мрежата во Ла Лига после 4 кола. Французинот даде 2 погодоци, прво во 67-ма минута на страшна асистенција на Валверде, а после од пенал во 75-та минута.

Видеото на УЕФА со Ибрахимовиќ, Чеферин, Буфон, Фиго кое сите го пофалија

Се извлекоа паровите за новата сезона во Лига на шампиони која ќе биде во нов формат. Системот со оглед на тоа што е нов, беше поприлично нејасен и збунувачки за многумина, па УЕФА на сметка на тоа направила врвен краткометражен филм со големите фудбалски ѕвезди.

А кога сме веќе кај Барнсли - Манчестер Јунајтед

На ждрепката за Карабао Лига Купот на Англија, Манчестер Јунајтед го доби за противник Барнсли. Тој меч ќе се игра на 17-ти септември. Овие два тима во минатото се сретнале неколку пати, а се памети еден јак упат на двајца бандити на сред терен против тимот кој го водеше големиот Сер Алекс Фергусон.

Колку беше лесно да се игра со овој човек

Кога го гледаш на теренот него и неговите соиграчи, мислиш дека фудбалот е наједноставна, најпроста работа на светот. Карим Бензема (36) веќе подолго време е далеку од најсилниот европски фудбал каде со години ја потврдуваше својата класа.

Супер интересна ждрепка и за новата Лига Европа: Мурињо против Јунајтед, Рома на Тотнем

По синоќешната ждрепка за Лига шампиони на која беше претставен новиот формат, исто во ново издание ќе се играат и Лига Европа и Лига Конференции. Гигантите како Рома, Манчестер Јунајтед, Порто, Тотенхем ги добија своите ривали.