Наполитанците го сместија Мектоминеј на свето место

Навивачите на Наполи се фанатици за фудбал, нешто најблиску до Аргентинците. За нив Скудетото е нешто божествено и општо фудбалот како спорт. Скот Мектоминај официјално стана дел од неаполскиот фудбалски пантеон со свое светилиште. Се наоѓа во храмот Вико Сан Никола ал Нило, сместен во центарот на Неапол.

Скот Мектоминеј е прогласен за најдобар играч во Серија А кој им влезе под кожа на Наполитанците. Сензационалната дебитантска сезона во Италија ја круниса со акробатски гол во последното коло над Каљари со што ја запечати титулата. Шкотланѓанецот е најдобар играч сезонава од среден ред со 12 гола на 34 меча. Во Премиер лига даде 19 на 178 средби за Манчестер Јунајтед.

Мектоминеј живот живее во Неапол

Наполитанците грла оставаат за Шкотланѓанецот кој е хит на Сан Паоло

30 мај 2025 - 09:09