Сте слушнале ли за Арчи Томсон? Фудбалерот за кој што најверојатно никогаш не сте слушнале овој викенд постави втор светски рекорд. Тој има постигнато најмногу голови и најбрз хет-трик на интернационален натпревар.
Тоа е таа фамозна бројка на голови во една календарска година која никој не успеа да ја достигне се до сега. Лионел Меси веќе го сруши рекордот на Герд Милер, а до крајот на годината Барселона ќе одигра уште 4 натпревари.
Премногу дебати се правеа во врска со воведување на новите технологии во фудбалот, но ФИФА ја донесе одлуката и тие почнаа да се употребуваат. Веќе кога нема поента да се буниме зошто не треба да се воведуваат, да погледнеме неколку причини зошто треба да се применуваат овие технологии.
ФИФА ги објави своите кандидати за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, а неколку часа подоцна Златан Ибрахимовиќ го постигна неговиот спектакуларен гол кој не влезе во конкуренција. Затоа ЕСПН го објави својот избор во кој секако влегува и погодокот на Ибра.
Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар спортист на Пиринеите, но имаше незгода кога на приемот кај шпанската кралица Софија тој се појави со мастика во уста.
Тренерот на Килмарнок си направил своја математика и го вклучи фудбалерот Мануел Паскали во составот за натпреварот против Селтик и покрај тоа што тој е суспендиран.
Ако сте фудбалер и ако сакате да ја освоите наградата за најдобар фудбалер на ФИФА, тогаш мора да следите едноставно правило кое вели дека дел од својата кариера мора да имате поминато во Реал Мадрид или Барселона.
Кога веќе не ни оди со женскиот фудбал во Македонија, предлагаме како замена да се воведе оваа верзија. Сигурно ќе бидеме поуспешни, а натпреварите ќе имаат и огромна посета.
Светското клупско првенство само што започна и веднаш на стартот видовме прекрасен гол. Екипата на Хирошима го победи Оукленд со 1:0, а стрелец на победничкиот гол беше Тошихиро Аојама.
Со натпреварот помеѓу јапонскиот Хирошима и Оукленд од Нов Зеланд, денес стартува Светското клупско фудбалско првенство, прво официјално натпреварување на кое ќе се применат новите технологии на гол-линијата.
Шведскиот нисколигаш Сорскогенс реши да ги отпушти сите играчи од првиот тим затоа што ги навредувале играчите од спротивниот клуб чиј тим е составен само од претставници на ЛГБТ заедницата.
Челси за џабе го растури Нордсјеланд затоа што Јувентус не загуби кај Шахтјор и го елиминираше актуелниот шампион. Пласман во следната фаза изборија и екипите на Селтик и Галатасарај.
Земајќи ги во предвид сумите платени за трансферите на 293 напаѓачи во последните 10 години и парите потрошени на нивните плати, Англичаните пресметаа дека еден гол во просек чини 350.000 фунти.
13 екипи веќе обезбедија пласман во следната фаза од Лигата на шампиони, а за последните 3 места битка ќе се води во групите Е (Јувентус или Челси), Г (Бенфика или Селтик) и Х (Галатасарај или Клуж).
8.000 Дедо Мразовци ја истрчаа трката на 5 километри низ улиците на Ливерпул чија цел беше собирање пари за хуманитарни цели. Но тврдокорните навивачи на Евертон не сакаа да се облечат во боите на нивниот градски ривал, па трчаа во сино.
Големата надеж на норвешкиот фудбал, косоварот роден во Белгија, Зимер Битики го покажа својот раскошен талент на натпреварот помеѓу репрезентациите на Норвешка и Фарски Острови за фудбалери до 17 години.
Актуелниот шампион на Англија и еден од најбогатите клубови во Европа не ја преживеа зимата и е елиминиран од сите континентални натпреварувања. На денешните натпревари пласман во Лига Европа изборија Ајакс и Зенит.
Празниците се ближат, а со тоа се буди и новогодишното расположение, но доколку сакате да ве држи тоа расположение, во никој случај не ја гледајте видео честитката од Коларов.