Фудбал

Како Американците се јачаат пред осминафинале

Пред почетокот на Светското пред нив беа испречени две врвни европски репрезентации и бескрајно количество на европски фубалски потсмев. После крајот на првата рунда во Европа ги вратија Португалија и целиот потсмев. Сега се во осминафинале, пред нив се уште едни Европјани (иако не до толку фаворити). По рецептот за мотивирачки видеа за секој друг спорт, составија нешто и за фудбал.

„Панцирите“ едвај го пробија маѓепсаниот гол на Алжир

Ниту 90 минути не му беше доволен на дрим тимот на Германија кој се очекуваше глатко да го мине изненадувањето во осминафиналето. Голманот на Алжир М'Боли Раис беше главниот виновник поради кој на мечот немаше победник во регуларните 90 минути.

Франција се изнамачи за четвртфинале

Составот на Дидие Дешамп е петтата селекција која избори пласман во друштво на најдобрата осумка на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Нигерија успеаа нецели 80 минути да го сочуваат голот од опансите налети на Французите.

Репрезентативец на Алжир бере урми на 48 степени

Поранешната француска колонија од каде потекло има и Зидан е расадник на фудбалски таленти. Голем број од нив беа дел од младинските селекции на Франција, но во друштво на Рибери и Бензема за нив нема место.

Нема постење за фудбалерите на Алжир

Светиот муслимански месец денеска не важи за јунаците на Алжир кои со пласманот во осминафиналето во Бразил ја кренаа на нозе својата нација.

Ваков гол не видовте на Светско

Фудбалерот на Монтреал, Џек Мекнерни не беше ниту свртен спрема голот кога со волеј удар успеа ова додавање да го претвори во погодок. Реагираше како секој ден да дава вакви.

Ако не го издржуваат Бразил, како ќе го издржат Катар?

Како никогаш до сега, на ова Светско првенство судиите прекинаа натпревар за фудбалерите да можат да земат душа и да се оладат од високите температури.

Октоподот Навас е најсилното оружје на Костарика

Со херојскиот пристап и квалитетите кои ги имаат, некои голмани од американските селекции тешко дека ќе одолеат на богатите понуди кои се очекува да стигнат од Европа. Покрај Очоа, тоа сигурно ќе биде јунакот на Костарика кој синоќа го скроти клучниот пенал на Грците за историско четвртфинале.

Прво четвртфинале за Костарика

Иако се работи за не баш звучни и квалитетни селекции кои не очекувавме дека ќе ги видиме во нокаут фазата, Костарика и Грција ни приредија драматична завршница и нова возбудлива пенал серија во осминафиналето на Светското во Бразил.

Холандија со пеколен пресврт се спаси од елиминација

Фудбалерите на Мексико пропуштија златна шанса да се најдат во најдобрата осумка на Мундијалот во Бразил. Водството кое го имаа се до 88 минута, „Лалињата“ успеаа да го анулираат во самиот крај за само четири минути.

Непобедливата Колумбија му се заканува на Бразил

Формирана е првата четвртфинална двојка на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Колумбија благодарение на одличниот Џејмс Родригез ја добија првата јужноамериканска пресметка и сега ги чека нова, против домаќинот на ова првенство.

Бразил преку пенал рулет до четвртфинале

Селекциите на Бразил и Чиле ни приредија 120 минутна фудбалска претстава и драматична пенал серија во првата осминафинална пресметка на која домаќините имаа повеќе среќа и останаа на планетарниот собир.

Сите судиски неправди на Мундијалот

Новата видео гол технологија функционира перфектно во Бразил, исто како и спрејот на судиите како ново чаре за да не крадат играчите растојание при слободен удар. Но што правиме со сомнителните пенали и офсајд ситуации кои можеби ќе ги сменеа конечните резултати на некои средби во групната фаза.

Голот од најдалеку во Бразил го постигна тетовецот

Првите 15 дена фудбал на Мундијалот ни донесоа одлична бројка од 136 погодоци. Студент од Шведска ги сместил сите на графички приказ со точки од каде што биле шутирани. Швајцарецот Блерим Џемаили, кој е роден во тетовско Боговиње стрелал од најдалеку.

Самарас и навивачот на Селтик

Решавачкиот пенал на Јоргос Самарас против Брегот на Слоновата Коска во 92 минута со кој Грција стигна до осминафинале, предизвика посебна радост кај еден млад навивач на шампионот на Шкотска со кој е емотивно поврзан напаѓачот.

Најпосакуваните можни комбинаторики до финале

Американските репрезентации доминираат во осминафиналето од 20 Светско фудбалско првенство. Доколку големите ривали Бразил и Аргентина победат на сите три наредни пресметки ќе се соочат за прв пат во големото финале во Рио.

Инвалидите во Бразил упорно стануваат

Од првите двајца се појави само слика на која не се очекуваше дека ќе стојат на стадион, а сега имаме еден чичко кој не се ни обиде да сокрие дека не му е местото во тој блок.

Историско осминафинале за Алжир

Крај на возбудувањата од групната фаза на Мундијалот во Бразил. Осум американски, шест европски и две африкански селекции ќе ја имаат честа да ги бранат боите на своите земји во топ 16 фазата.

САД останува, Португалија си оди дома

Пријателството на Јирген Клинсман и Јоаким Лев не придонесе за реми помеѓу Германија и САД кое се шпекулираше дека ќе го договорат за мирен пат до осминафинале. Германците остварија минимална победа, но и двете селекции на крајот се радуваа.

Осамениот гостиварчанец од Швајцарија

Главна ѕвезда во националниот тим на Швајцарија е фудбалерот на Баерн Минхен, Џердан Шаќири кој синоќа го запиша 50 хет трик на Мундијалите. Дознајте кој од неговите колеги работел како банкар, а кој не станал светски шампион поради пасошот.

„Сантијато Бернабеу“ пред пет години

На денешен ден пред точно пет години „Кралевите“ во тоа време го направија најскапиот трансфер во историјата на фудбалот и на Манчестер Јунајтед му платија 96 милиони евра за Кристијано Роналдо.

Најнеспортските фаули на Мундијалите

Луис Суарез нема глава да крене од сеир за неговата идиотска постапка. Истото му се случи и на легендарниот Зидан кој по финалето во 2006 против Италија доби и статуа од моментот како му мава глава на Матераци. Низ историјата на Светските првенства имало многу боречки зафати на терените.

Коментаторите би се збуниле со презимињата на Бразил

Бразилските фудбалери не ги носат своите непрепознатливи презимиња на дресовите. Во таков случај доколку во една иста акција би учествувале Тијаго Силва, Марсело, Вилијан и Жо, коментаторот би звучел вака: Силва, Силва, Силва, Силва. Должината и не е толку проблем со оглед на тоа што во НБА играше еден славен центар од Конго по име Дикембе Мутомбо Мплондо Мукамба Жан Жак Вамутомбо.

Пуштете ги Американците од работа за да гледаат фудбал

Германскиот селектор, Јирген Клинсман ја билда атмосферата пред третото решавачко коло на САД кој се среќава со неговата земја и побара цела американска нација да олабави со работа и да гледа фудбал.