Фудбал

Кинеска vs Англиска фудбалска анализа

Во време на ајфони и ајпади кои сами ги произведуваат, како и ХД, 3Д и разни други уште помодерни технологии, Кинезите уште ја тераат по старски со маркер и лист хартија. Темата им е поразот на Кина од Австралија во Азискиот куп на нации.

Лацио ја крои судбината на Инзаги

Филипо Инзаги ќе има дежа - ву, затоа што во само четири дена два пати ќе игра против Лацио. Утре на Олимпико во првенството и во вторник на Сан Сиро во купот. Во случај на порази, можно е Лучано Спалети набрзо да го превземе Милан.

Хонда и Кагава промашија пенали, Јапонија испадна

Актуелниот шампион на Азискиот Куп на нации, Јапонија изгуби 5:4 на пенали од Обединети Арапски Емирати. Во регуларниот дел беше 1:1, а потоа Хонда и Кагава промашија пенали и самураите испаднаа во четвртфиналето. Противник на Емиратите во полуфинале ќе им биде домаќинот Австралија, а вториот пар е Ирак - Јужна Кореја.

Агентот на Ибра кандидат за прв човек на ФИФА

Блатер сака да прави журка во туѓа куќа, да наплаќа влезници и да не му даде ништо на газдата, вели менаџерот на Балотели и Ибрахимовиќ.

Кога Наката со еден гол ги исплати парите во Рома

Во јануари 2000. година, Рома го купи Хидетоши Наката од Перуџа за тогашни 30 милијарди лири (21 милиони евра), Јапонецот 16 месеци скоро и да не играше поради ограничениот број на странци во секоја екипа.

Што му згреши голманот?

Фаули, стартови и остри дуели го одбележаа дуелот меѓу Формби и ФЦУМ, екипи од предградијата на Ливерпул и Манчестер, кои играат во една од пониските конференции. Кулминацијата беше по стартот врз домашниот голман.

Пујол има повеќе следбеници на Твитер од цела Серија А

Поранешниот капитен на Барселона неодамна ги посети спортските центри на Милан, Јуве и Интер, а тие треба да учат од неговиот профил на Твитер, како се привлекуваат фанови.

Лацио портокалов

Римскиот клуб во своите редови ќе го донесе и третиот Холанѓанец, а воедно и трет одбранбен фудбалер од оваа земја. Велси Хут доаѓа од АЗ Алкмар, екипа со чија одбрана командуваше во последните две години.

Ножичките на Тим Кејхил против Кина

Репрезентацијата на Австралија против Кина игра за полуфинале на Азискиот Куп на нации, а резултатот го отвори Тим Кејхил со еврогол во 49. минута. АКН се игра во Австралија, а за полуфинале ќе играат уште Иран, Ирак, Јапонија и ОАЕ. Јужна Кореја е прв полуфиналист.

Кралот опседнат со малиот викинг Одегард

Норвешкиот вундеркинд и официјално е нов играч на Реал Мадрид, клуб кој во него гледа нов миленик и нов Кристијано Роналдо. Тренер ќе му биде Зинедин Зидан, а во Реал ќе се вработи и татко му.

Шпанската серија на Пандев и Ледезма со Лацио

Во сезоната 2009/2010, Лацио ги отстрани од првиот состав Горан Пандев и Кристијан Ледезма, затоа што одбија да продолжат договор со римскиот клуб. Пандев се снајде, Аргентинецот не.

Џовинко ги шие со плата Буфон, Балотели и Бензема

Италијанскиот напаѓач не е на рангот на врвните светски играчи, но доби повик од Канада вреден 50 милиони долари за престој од 5 години. Толку пари во моментов не им исплаќаат ниту Реал Мадрид и Баерн Минхен на Родригез и Робен.

Гол за само пет секунди

Тренерите и резервните фудбалери на Сент Паули и Винтертур уште не седнаа на клупата, а германскиот состав веќе водеше 1:0 со голот на Јулијан Кох.

Ем лакта ем глуми

Моментот е од натпреварот Тринидад и Тобаго - Панама, одигран во рамките на КОНКАКАФ Купот за играчи до 20 години.

Торино го заборави Дел Пјеро

Легендарната 10-ка на Јувентус на изненадување на многумина, остана без титулата почесен граѓанин на овој град.

Кога Нагатомо со мотор брзаше да потпише со Интер

Во јануари 2011. година преодниот рок во Европа се затвораше и нероаѕурите ја привршуваа позајмицата на Јапонецот од Чезена. Да стигне на време, Нагатомо тргнал со мотор за Милано.

Магичните четири во Европа

Во топ 4 лигите во Европа зимава немаше изненадувања, ниту револуции и приматот го задржаа екипите кои предводени од Алегри, Анчелоти, Гвардиола и Мурињо неколку години владеат во домашните првенства.

Сефте гол за Пандев во 2015-та

Галатасарај и Ривер Плата одиграа пријателски натпревар кој со погодок во првото полувреме го отвори Горан Пандев. Аргентинскиот тим конечните 1:1 ги постави на две минути до крајот преку Диаз.

Манчестер Сити потроши 300 милиони фунти за напаѓачи

Граѓаните почнаа со Робињо за кого платија 32,5 милиони фунти и после него купија уште десет други играчи за нападот. Најскапо го платија Карлос Тевез, 47 милиони фунти.

Трагичната автобиографија на Блажчиковски

Фудбалерот на Дортмунд во мај ќе ја објави својата животна приказна во автобиографијата, каде зборува за моментот кога видел како татко му ја убил неговата мајка, настан кој му го сменил животот.

Бјелик за уште помлад Арсенал

Арсен Венгер изјави дека полскиот младински репрезентативец Кристијан Бјелик (17) е нов член на Арсенал. Игра на средината на теренот, а доаѓа од Легија Варшава за 2,5 милиони фунти.

Збогувањето на Снајдер со Интер преку Твитер

Во јануари сега веќе пред две години, откако одби смалување на платата, црно-сините го продадоа Холанѓанецот во Галатасарај, а тој и пред сè жена му претходно преку Твитер ги прекинуваа сите шпекулации за тоа дали останува или оди.

Самурајот Хонда даде гол, па промаши невозможно

Откако ја победија Палестина во првото коло на Азискиот Куп, Јапонците утринава со 1:0 го добија и Ирак и веќе имаат шест бодови. Натпреварот против денешниот противник го одбележи епското промашување на Кеисуке Хонда, кој претходно даде гол од пенал.

Непријатноста кога си најдобра фудбалерка

Геновева Ањонма два пати по ред е најдобар стрелец на Африканскиот Куп на нации за жени, но поради тоа имала големи проблеми, затоа што ја обвинувале дека е машко.