Фудбал

Црна 2014-та од навивачки аспект

Во изминатата година, ултрасите не береа многу гајле, освен добро да се истепаат, па така инциденти имаше од Рим до Париз, преку Истанбул и Киев, до Мадрид, Скопје и Битола.

Стивен Џерард – Една година во мојот живот

Првата неочекувана спортска вест во 2015-та е официјалното заминувањето на Џерард од Ливерпул кое ќе се случи по крајот на сезонава. Тоа не потсетува на разделбите Лампард – Челси, Дел Пјеро – Јувентус кои исто така не се очекуваа. Причините се нов предизвик пред пензија.

Хари Кејн е нов миленик на Вајт Харт Лејн

Со два гола и една асистенција на новогодишното дерби против Челси, 21-годишниот Кејн полека го заработува повикот за сениорската репрезентација на Англија. Во 2014-та постигна 15 голови во сите натпреварувања и сега само Агуеро од Сити има подобар скор од него.

Романтична приказна со сезонска карта на Саутемптон

Англискиот премиерлигаш му помогна на младиот навивач на клубот, Тим, да ја запознае девојката што ја меркал цела сезона, а што седела неколку реда подолу од него на трбините.

Интервјуа на Офсајд во 2014-та

Не направивме математика што беше најчитано годинава на нашето спортско милениче Офсајд, туку ги собравме на купче разговорите со ценетите Стиков, Адеми, Панчев, Бабунски, Лекиќ, Радичевиќ, Муарем Муарем, Тупан, Стефан Ристовски, Војдан Стојановски, Калински и Зоте.

Или сина боја или празен стадион во Кардиф

Навивачите на клубот од Велс за денес организираат марш за враќање на традиционалната сина боја, која сингапурскиот газда им ја смени во црвена заедно со грбот на клубот.

Најдобрите 10 трансфери на Сер Алекс Фергусон

Царот е роден 41-ва во последниот ден од годината. Стапна на „Олд Трафорд“ во 1986-та и се бетонираше до 2013-та. Освои 39 трофеи и тренираше еден куп играчишта, а од нив може да се направи многу подолга листа од оваа.

Најголемите промашувања во Бундеслигата

Германците имаат најдолг 6 неделен зимски распуст. Освен одмор и подготовка за вториот дел од сезоната, ќе можат да фаќаат сеир на најголемиte 10 зицери. Колегата на Новески ископа дупка, Хунтелар се посрамоти во контрата, а Филип Хофман посака голот да е повисок.

10 духови во Серија А

Неколку играчи изминатово лето се вдомија по италијанските екипи, но веќе во јануари ќе треба да пакуваат куфери. Дојдоа како засилувања, не играа доволно, по што клубовите решија или да ги позајмат или да ги продаваат во следниов зимски трансфер преоден рок.

Како Черчи ги минува пречките на тренинг

Галијани направи добар пазар со позајмицата на Черчи кој не се снајде во шпанскиот фудбал, ниту на тренинг.

Покер на Милан против Реал Мадрид во Дубаи

Со головите на Ел Шарави (2), Жереми Менез и Џампаоло Пацини, Милан го победи кралскиот клуб и го освои Дубаи Челенџ трофејот. Роналдо и Бензема стрелаа за Мадриѓаните, кои претходно имаа 22 победи по ред и не знаеа за пораз од септември.

Брендан Роџерс, кратко, јасно и смешно за новинарите

На прес конференцијата на Ливерпул, новинарот го тегнеше прашањето 20 секунди, а потоа доби одговор пократок од секунда. 

11 пронајдени бомби на стадион каде ќе се игра СП 2018

„Арена Победа“ се наоѓа во Волгоград, а таму се воделе најголемите борби помеѓу Германските нацисти и Советскиот Сојуз кон крајот на 1942 година.

Судија најди црн картон за ова

Ако на времето Михајловиќ можеа да го казнат со 8 меча кога го плукна Кежман во Лигата на шампионите, тогаш во денешно и уште построго време, детево треба да одмори една година од фудбал.

Банерот за избраниот Мојс оди на аукција

Група навивачи на Манчестер Јунајтед ќе го стави на аукција знамето кое неколку месеци стоеше на Олд Трафорд, а со кое му се посака добредојде на „избраниот" наследник на Сер Алекс Фергусон лани.

Александар Дамчевски е една од желбите на Лацио

По петгодишниот престој на Горан Пандев, на стадионот „Олимпико“ во Рим можно е да гледаме уште еден македонски репрезентативец.

ТОП 20 голови на хрватските фудбалери во 2014

Играа на СП во Бразил, играа низ Европа и по континентални натпревари. Дарио Срна за Шахтјор, Андреј Крамариќ за Ријека, Иван Ракитиќ за Барселона, Матео Ковачиќ за Интер, Иван Перишиќ за Волфсбург...

Учител против ученик, Анчелоти против Инзаги

Познанството меѓу Пипо Инзаги и Карло Анчелоти датира од пред 15 години, кога соработуваа во Јувентус, па во Милан. Прво беа напаѓачот и учителот, а сега ќе се сретнат како тренери во Дубаи, на Челенџ купот каде од 17 часот ќе играат Реал Мадрид и Милан, најтрофејните европски клубови.

Мито, експлоатација, 40 степени: Зошто Катар го сака СП?

Постојат прашања со кои светските медиуми се опседнати уште од кога се дозна дека Катар ги има сите права за организација на фудбалскиот Мундијал во 2022. година. Дали ја купиле организацијата и ФИФА е потполно корумпирана и дали фудбалерите ќе поцркаат од топлина во Катар?

Најдобрите 100 голови за 2014-та

Ако имате 18 слободни минути, а за видеово треба да имате, ѕирнете ја најдобрата 100-ка за годинава. Головите на Ван Перси и Родригез од Светско се на број 48 и 40, а на прво место е второлигаш од Германија кој изведе волеј, боли глава.

Леброн Џејмс изброи до 30 години

Што направи Леброн Џемјс пред да наполни 30 години? 2 пати ја освои титулата во НБА, 2 пати беше МВП на финалето, 4 пати беше МВП на НБА лигата 10 пати беше учесник на Ол-стар натпреварите, 2 пати беше МВП на Ол-стар натпреварите, Руки на годината, најдобар стрелец во историјата на Кливленд Кавалирс, 2 пати олимписки шампион.

Барселона не смее да пазари во 2015-та

Арбитражниот спортски суд ја одби жалбата на Каталонците и со тоа клубот официјално ќе треба да мирува на трансфер пазарот идната година.

Премиер лигата пак на долги топки

Црвените ѓаволи сезонава играат фудбал, каков што не игра ниту една од водечките екипи, игра на долги додавања. Само Барнли има повеќе долги пасови од Јунајтед, а Евертон и Астон Вила 90 минути ги трчаат своите напаѓачи кои се мачат да примат топка.

90 минути циркуз на Енфилд Роуд

Црвените конечно заиграа како лани и вчера вечер го декласираа Свонси со 4:1. Натпреварот го одбележија комични моменти од актерите на теренот, како и од оние што ја коментираа средбата. По триумфот, Ливерпул сега е осми со 28 бодови.