Плејоф финалето во Чемпионшип лигата беше решено во 12-та и 15-та минута, а тоа му донесе пласман на Норич во Премиер лигата, само една година откако доживеаа шок во борбата за опстанок.
БиБиСи пресмета дека пласманот во Премиер лигата вреди 120 милиони фунти, пари со кои покрај Норич, ќе се насладат и Ватфорд и Борнмут кои следната сезона и се приклучуваат на елитата.
100 милиони од тие пари ќе добијат од телевизиските права и од медиумите, а 20 милиони од комерцијалните приходи, главно во форма на рекламирање.
Норич само една година не беше дел од Премиер лигата, а нивните приходи се стабилни во однос на продажбата на билети, бидејќи стадионот со капацитет од 26.124 седишта на секој меч на домашен терен им е исполнет со сигурни 21.000 навивачи кои имаа годишни влезници.
Во Премиер лигата од следната сезона стапува во сила новиот договор за тв права во вредност од 5,1 милијарди фунти, а претходниот изнесуваше 3 милијарди. Според анализата на Форбс Хул, Кардиф и Кристал Палас имале зголемувања на прометот од 100 милиони долари, како и значителни подобрувања во нивниот биланс.
Пласманот во Премиер лига се смета за најбогат во фудбалот, бидејќи премија за освојување на Лига на шампиони изнесува 10,5 милиони евра, а за освојување на Мундијал се добива парична награда од 35 милиони долари.