Сите уапсени се блиски соработници на Блатер, а во Цирих биле за годишното собрание на ФИФА и биле сместени во хотелот Баур ау Лак.
Апсењето било мирно, пренесува Њујорк тајмс. Меѓу уапсените се Џефри Веб, Еугенио Фигуередо, Џек Ворнер, Едуардо Ли, Хулио Роша, Костас Такас, Рафаел Езеквиел, Хозе Марија Марин и Николаз Леоз. Сите се обвинети за примање мито и корупција во последните две децении, меѓу кои се и скандалите со кандидатурата за Светските првенства. Севкупно 14 лица се сомневаат за рекетирање и изнуда.
Истрага не се води за Сеп Блатер, долгогодишниот претседател на ФИФА, кој се смета за најмноќен човек во светскиот спорт. Изборите за нов претседател се закажани за петок, кога Блатер ќе се обиде по петти пат да стане прв човек на оваа организација. Со повеќе од 1,5 милијарди долари во резерва, ФИФА е најголемиот финансиски конгломерат во светот на спортот. Сеп Блатер успешно раководи со понудите на сите земји кои сакаат да бидат домаќини на некое големо натпреварување.