Некогаш важеа за најпопуларниот клуб во Источна Германија, а минатиот викенд малку фалеше да се запознаат со четвртата лига и пропаста во неа. Ханза Рошток во неделата загуби од Динамо во Дрезден и тоа беше четврт последователен пораз за тимот од Рошток.
Во клубот сите се помирија со испаѓањето од лигата, затоа што директниот ривал во борбата за опстанок кој имаше два бода помалку, Унтерхашинг играше против Ерфрут на кој не му требаше за ништо.
Сепак, Ерфрут одигра коректно, во последното коло го совлада Унтерхашинг и на тој начин ја спаси Ханза од испаѓање. Шестркатниот првак на Германија тоа знаеше да го цени и првиот подарок до Ерфрут веќе стигна.
Авио-компанијата која што ја спонзорира Ханза им понуди на фудбалерите на Ерфрут и на нивните партнерки платен продолжен викенд и бесплатен превоз до било која дестинација.
„Да, го прифаќаме подарокот. Момците ќе бидат пресреќни“, изјави тренерот Кристијан Прешер.
Инаку Ханза Рошток игра во третата лига од 2013. година. Шармот на Бундеслигата последен пат го почувствуваа во сега веќе далечната 2008. година.