Македонската фудбалска репрезентација го забележа и петтиот пораз во шестото квалификациско коло за Европско првенство во Франција. И во осмото соочување против Словачка нашата селекција не успева да победи.
Некогашниот европски првак повторно загуби од репрезентацијата која долго време служеше за поправање на гол разликата. По Атина, Хелените со спуштени глави излегоа и вчера од Фарски Острови.
Втората вечер од 6. квалификациско коло донесе три хет-трика. Полска со 4-0 ја совлада Грузија, а шпицот на Баерн Минхен постигна 3 гола за 3 минути. Хет-трик синоќа имаше и Кристијано Роналдо на мечот Ерменија - Португалија 2-3, а три гола даде и Ширле за Германија против Гибралтар (7-0)
На 320 км северно од Шкотска, помеѓу Исланд и Норвешка, има група од 18 острови со 50.000 жители, чија селекција е две места подолу од Македонија на ранг листата на ФИФА. Тие што ќе се пробаат тука да градат кариера не им се враќа дома.
По новата тројна круна освоена со Барса сезонава, на Жерар Пике ќе му треба време за да ги изброи сите трофеи во богатата кариера. Од помош во броењето може да му бидат сите мрежи што ги исече по шампионските славја.
Во рамките на 6. коло од квалификациите за ЕП 2016, вечерва играат БиХ и Израел, но амбиентот во Зеница повеќе наликува на воена зона отколку на фудбалски меч.
Селекторот Марк Вилмотс ја донесе Белгија од 54 до 2 место на ранг листата на ФИФА, но и покрај тоа јавноста и медиумите фрлаат дрвја и камења по него.
Ојстеин Братен нема врска со фудбал затоа што е скијач и беше дел од Олимписките игри во Сочи, но кога ќе видите што направи ќе сфатите дека има врска од фудбал.
Клучни натпревари викендов се играат во Кардиф, Рејкјавик и Зеница. Холандија е под силен притисок, а Фарски Острови ќе бркаат втора сензација во тековните квалификации. Македонија гостува во Жилина.
Во 2012 година клубот од Џенова беше казнет со еден бод поради еден фудбалер вмешан во местење, а Европската куќа на фудбалот не им дава дозвола на екипи вмешани во такви скандали.
Со спектакуларно отворање синоќа започна Купот на Америка. Со головите на Артуро Видал и Еду Варгас, домаќинот Чиле го совлада Еквадор 2-0. Во 99. годишната историја на ова натпреварување, Чиле никогаш не стигнал до трофејот.
Ли Бум од јужнокореанската екипа Бусан Ипарк направи наивна финта за противникот да промаши пенал како да не знае дека се се снима. Планот му успеа, но фудбалската федерација веројатно нема да замижи.
Светските брендови кога сакаат да направат добра реклама и да извадат ќар од некој фудбалер со тоа што ќе носи нивни копачки или гаќици, најдобро да одберат од оваа листа на фудбалери од Европа, кои ретко кој не ги знае.
Поранешниот бразилски фудбалер и тренер вели дека е способен да ја преземе диригентската палка во ФИФА, иако е свесен дека за тоа ќе му треба поддршка од сите Конфедерации. Во меѓувреме ЕП побара Блатер веднаш да си замине.
Јужна Америка е континент кој од година во година извезува најмногу фудбалери ширум светот. Радарите на скаутите во моментов се насочени кон неколку играчи кои се споредуваат со Нејмар, Меси, Маскерано.
Јирген Клинсман успеа да направи сензација со селекцијата на САД против својата земја совладувајќи ја на пријателски натпревар со 2:1. Американските медиуми изброија дека израмнувачкиот погодок успеале да го постигнат по 35 точни додавања за 95 секунди.
На капитенот на Гордиот Албион му фалат уште два гола за да го достигне рекордот на Боби Чарлтон кој е прв стрелец во историјата на оваа земја со 49 голови.
Шампионот на Шпанија не ја заврши сезоната со победа во последното коло, во кое на домашен терен ја пречека екипата на Депортиво Ла Коруња која се бореше за опстанок.
Претседателот на Чеканите, Дејвид Голд на Твитер објави дека Вест Хем го ангажирал Обианг од Сампдорија, но постираше фотографија од дефанзивецот на Јувентус, Анџело Огбона.
По цели 25 години патиштата на Икер Касиљас и Реал Мадрид најверојатно ќе се раскрстат иако капитенот има договор до 2017. година, пренесува шпанската ТВЕ.