Легендарниот француски центарфор Оливие Жиру (39) кој блескаше во дресовите на Монпеље, Арсенал, Челси и Милан, сега е во Лил. На 255 настапи во Премиер лига, Жиру стана врвен голгетер и постигна 90 гола со 28 асистенции. На гости во емисија кај Џејми Карагер раскажа како жена му го изненадила со плико во кое била понуда од Арсенал и Арсен Венгер.