Жирона, Брест, Болоња и Астон Вила - најпријатните изненадувања на сезоната

Во најдобрите топ лиги во Европа секоја сезона има по некое симпатично изненадување кое им мати вода на големите клубови, а сезонава тоа е посебно приметно во Премиер лига, во Ла Лига, во Серија А и во Ла Лига.

АСТОН ВИЛА СО СЈАЈНИОТ ЕМЕРИ ОДИ КОН ЛИГА ШАМПИОНИ

Во моментов клубот од Бирмингем е на четвртото место кое води во Лига на шампиони, со 55 бода, пет повеќе од Тотенхем кој има натпревар помалку.

На стартот на сезоната во прво коло Астон Вила изгуби 5:1 од Њукасл но после тој пораз работите им тргнаа на добро: до крајот на годината ги совладаа Челси, Тотенхем, Сити и Арсенал. Во моментов се во топ форма: имаат три победи по ред против Фулам, Нотингем Форест и Лутон.

Најзаслужен за ова е центарфорот Оли Воткинс кој има 16 гола и 10 асистенции и е втор најдобар стрелец во моментов во Премиер лига (Халанд е прв со 18 гола).

Вакват форма му гарантира на Оли Воткинс повик за репрезентацијата за Евро 2024. Астон Вила лани беше 8-ма на табела и се избори за Лига Конференции, а сезонава сонот им е Лига на шампиони.

ЖИРОНА ПАДНА ВО МАЛА КРИЗА

Каталонскиот клуб ги има(ше) сите предуслови да ја повтори бајката на Лестер кој сензационално ја освои Премиер лига. Жирона одигра сјајна прва полусезона и во Ла Лига изгуби само од Реал Мадрид. Долго време беа први на табела, а сега се втори со 7 бода зад „кралскиот клуб“ и 1 бод пред Барселона. Тука е и Атлетико Мадрид со 55 бода.

Минатата сезона Жирона заврши на 11. место со 15 бода помалку освоени од сезонава. Сонот на тимот предводен од тренерот Мичел е историски прв настап во Лига на шампиони.

БОЛОЊА ЈА ИГРА НАЈДОБРАТА СЕЗОНА ВО ХХI ВЕК

Можеби најголемо изненадување на оваа листа, ако се земе предвид скромниот буџет и играчки кадар од кого младиот тренер Тијаго Мота прави чудо.

Болоња на табелата во Серија А е пред Рома, Наполи, Фиорентина, Лацио. Во февруари Болоња забележа неверојатно пет победи по ред и тоа над Лацио и Фиорентина меѓудругите а круна на одличната форма беше триумфот на гости кај Аталанта 1:2 и тоа после пресврт сега во март.

Болоњезите играат со голем посед на топка, имаат контрола и во моментов се трети во Серија А според овој параметар. „Кога играш со нив ризикуваш воопшто да не добиеш топка“, рекол тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини за Болоња.

Со 23 примени гола ја имаат четвртата најдобра одбрана во силна конкуренција. Според параметарот за активен пресинг, тимот на Мота е трет во Серија А.

Џошуа Зиркзе е најголем брилијант на екипата. Овој уникатен центарфор кој игра и како полушпиц има 10 гола и со играта многу потсеќа на Роналдињо. Веќе е цел на многу големи европски клубови а под договор е со Баерн Минхен кој го позајми во Болоња.

Овој тим лани заврши 9-то место а сезонава сонува Лига на шампиони и големи се шансите сонот да им стане реалност на крај.

БРЕСТ ДВА ПАТИ МУ ЗЕМА БОДОВИ НА ПСЖ И Е ВТОР ВО ЛА ЛИГА

Хегемонијата на големиот ПСЖ само накратко ја прекина Лил пред некоја сезона, а досега на останатите француски клубови им преостануваше само да се подредад зад лидерот.

Интересно на второ место изненадно е скромниот Брест кој минатата сезона заврши на 14-то место а сега со 46 освоен бода е втор, со четири бодови поеќе од Монако и пет бода повеќе од Лил.

Тренер на Брест е Ерик Руа кој минатата сезона во јануари ја презел екипата и на две кола пред крајот едвај ја спасил од испаѓање и тоа со победи против сите директни конкуренти - Анже, Стразбур, Оксер и Нант.

Од тој момент Брест се препородил а сјајниот тренер Ерик Руа наметнува агресивна тактика со високо темпо и многу прекршоци.

Најдобар резултат на Брест во историјата е 8. место во сезоната 1987. Сега имаат сјајни шанси да направат чудо и да се пласираат за првпат во Лига на шампиони.

ШТУТГАРТ МИНАТАТА СЕЗОНА ЗА МАЛКУ НЕ ИСПАДНА А СЕГА Е ТРЕТ И ИМА ВРВЕН НАПАД

Бундеслигашот Штутгарт малку фалеше сезонава да ја игра во втора лига. Се спасија преку опасниот бараж со Хамбург.

Сезонава скроз заборавија на тоа и се трети зад лидерот Баер Леверкузен и Баерн Минхен. „Швабите“ на Борусија Дортмунд која е четврта и бегаат комфорни шест бода.

Штутгарт го има еден од најдобрите напади во Европа а најзаслужен за тоа е гвинејскиот центарфор Серу Гираси кој веќе има 20 гола во Бундеслига.

Најголем квалитет на овој тим е позиционираниот напад. Штутгарт го води тренерот Себастијан Хенес кој е ученик на легендарниот Ули Хенес. Тој станал тренер на Штутгарт во тек на сезоната 2022/2023 кога биле последни на табела на осум кола пред крај. На крај успешно се избориле за опстанок.

5 март 2024 - 10:43