Но во биографијата на Белмондо немаше само филмска тематика туку тој активно работел и во спортот. Едно време бил во управата на ПСЖ, кога овој клуб се основал.
ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН
На крајот од ’60-те години властите во Париз решиле да основаат топ клуб соодветен на престолнината. Така се појавил Париз (денес уште постои овој клуб и игра во втора француска лига), но се појавил проблем зошто клубот немал ни играчи, ни стадион, ни навивачи, ни дресови.
Градскиот совет на Париз тогаш на крјаот од ’60-те години предложил клубот Париз да се припои со Седан но ги одбиле. Тогаш решиле да се обединат со аматерскиот клуб Сен Жермен и како резултат на таа спојка во 1970 се појавил Пари Сен Жермен.
За само 1 година клубот влегол во Лига 1, но поради финансиска криза и несогласувања во управата, се поделил на два тима: Париз останал во елитата а ПСЖ го изгубил професионалниот статус и бил исфрлен во трета лига.
Паралелно со тоа, младиот моделиер (моден дизајнер) Даниел Ештер кој од млади години бил вљубен во фудбал, сонувал за свој клуб во главниот град. Шефовите на клубот Париз се обиделе да опстојат сами, но по кратко време побарале спонзорство од Даниел Ештер а тој дрско им одговорил: „Можам да вложам пари ама само како столица за функционерите“.
Набрзо на Ештер му се допаднала варијантата да влезе во ПСЖ чии газди се согласиле да ја поделат власта со инвеститори. Ештер не бил сам, тој собрал екипа богаташи кои сакале да го кренат клубот и да вложат пари.
Први се огласиле публицистот Френсис Борели и продуцентот Чарлс Тахар. Со тек на време на проектот му се приклучиле и Гај Брос и глумецот Жан Пол Белмондо (он кратко време бил и потпретседател но напуштил зошто било тешко да работи паралелно со филмот).
„Дали вложив многу пари во ПСЖ? Да, многу. Жалам што не сочував во клубот ни мал процент! Идејата да се крене клуб од Париз ми беше многу интересна“, рекол Белмондо во 2018-та.
Во јули 1973-та во ресторанот Edgar во Париз организирале голема прес-конференција за новиот проект во ПСЖ. На новинарите не им се допаднала идејата за управа со луѓе без фудбалско минато па ги нарекла „банда во розеви кошули“ (зошто Борели носел розова кошула на настанот). Следниот ден таа фраза се појавила во текст на новинарот на France Soir, Жерар Ле Скур.
„Кога Ештер ги претстави неговите луѓе, еден новинар кажа: Банда во розеви кошули. Беа многу модерни. Они се олицетворение на тоа што сега стана Пари Сен Жермен, бренд клуб и пред се клуб од најпознат град на светот. Они некако го измислија овој начин на говор за ПСЖ“, се сеќава историчарот на клубот, Мишел Колар.
Ештер официјално станал претседател на ПСЖ во летото 1974-та година, година дена по фамозната прес-конференција кога ги претставил финансиерите и спонзорите во ресторан.
„Даниел е многу творечка личност. Во тоа време он беше многу вовлечен во процесот. На неколку меча дури и седел на клупа за резерви. Не сум видел сегашниот претседател Насер Ел Хелаифи да седи на клупа за резерви“, рекол Мордехај Шпиглер поранешен напаѓач на ПСЖ.
За Белмондо Шпиглер вели:
„Многу често го гледав и Белмондо. Он беше на секој меч, на секоја вечера, на секој состанок. Жан Пол искрено признаваше дека за него инвестицијата во ПСЖ биле интересна авантура која на крај не му се вклопила во распоредот“.
Но познатиот француски актер Жан Пол Белмондо цело време навивал и го бодрел ПСЖ. Велел дека не му се допаѓаат многу сегашните сопственици на клубот. „Трошат многу пари, тоа е аморално и го убива духот на спортот“, вели Белмондо.
Интересно, Жан Пол и самиот се занимавал со фудбал, негов идол бил голманот на Расинг, Рене Вињал. Кога Белмондо почнал со фудбал, решил да брани на гол.
Но не само поради идолот Вињал, туку и поради мајка му која еднаш му рекла на тренерот: „Син ми е бескорисен на терен. Стајте го да брани на гол“.
Вињал подоцна се запознал со легендарниот Беломондо (глумецот бил помлад 7 години) во едно кабаре на плоштадот Пигал, кврат крај црвените фенери во Париз. Двајцата често доаѓале таму. Клубот ПСЖ се збогуваше со својот омилен лик.