Фенербахче се збогува со него, а тој им се заблагодари како што треба:
„Дојдов од Македонија да играм во најголемиот турски клуб. Овие величенствени бои секогаш ќе бидат со мене. Никогаш нема да ги заборавам навивачите, а се надевам на повторна средба во иднина. Никогаш нема да го заборавам мечот со Галатасарај, за тој дуел сонував од дете и среќен сум што дадов гол, што навивачите беа среќни. За нив секогаш ќе бидам Елмас. Никогаш нема да ве заборавам и секогаш ќе бидете во моето срце“
Пристигнувањето во Рим
По завршувањето на лекарските прегледи во Рим, македонскиот репрезентативец ќе му се придружи на тимот на Карло Анчелоти кој е на припреми.
Инаку Елмас потпиша петгодишен договор, а платата секоја сезона ќе му скока по 100.000 евра. Во сезоната 2019/2020 ќе заработи 1,3 милиони евра, а има 19 години.