Европското првенство во 1980 година беше прво со 8 земји и прво на кое домаќинот автоматски учествува. Останатите 7 Белгија, Чехословачка, Англија, Холандија, Шпанија, Западна Германија и Грција влегоа преку квалификации. За Грците тоа беше прво учество.
Беа формирани две групи по 4 селекции, но без полуфинале. Првопласираните две земји играат во финале, а второпласирани играат натпревар за трето место. Третиот и четвртиот во група си оди дома. Се играше во Рим, Милано, Торино и Неапол.
Во Групата 1 беа Западна Германија, Холандија, Чехословачка и Грција. Посетеноста беше релативно сиромашна, а дуелот меѓу Германија и Чехословачка го следеа само 15.000 гледачи. Грција беше блиску да ја изненади Холандија, но беше досуден смешен пенал во корист на Лалињата со кој стигнаа до бодови.
Најпривлечната битка во групата беше дуелот меѓу Западна Германија и Холандија за кој во Неапол пристигнаа 50.000 навивачи. Средбата беше атрактивна за гледање со напаѓачи фудбал и заврши 3:2 за Германците. Хет-трик на Клаус Алофс.
Во третото коло на Холандија и требаше победа против Чехословачка за пласман во финале, но одигра само 1:1, а тоа беше олеснувачки резултат за Западна Германија кој по двете победи одигра 0:0 и стана финалист.
Групата 2 ја сочинуваа Англија, Белгија, Италија и Шпанија. Првиот меч меѓу Англија и Белгија во Торино беше проследен од само 7.000 фанови и беше нарушен од толпата создадена од англиски навивачи чија репутација допрва ќе се извалка. Мечот заврши 1:1.
Италијанскиот фудбал тогаш беше погоден од голем корупциски скандал со местење натпревари и расположението не им се врати ниту на првиот меч против Шпанија кој заврши 0:0. Во второ коло живнаа откако со голот на Марко Тардели ја совладаа Англија со 1:0.
Во третата рунда Англија стигна до првата победа против Шпанија која заврши само со бод, а Белгија и Италија го играа клучниот меч за финале. Натпреварот заврши 0:0 и Белгијците се пласираа во финалето поради подобрата гол разлика.
Финалето се играше на Олимпико во Рим пред 47,864, а Западна Германија го доби со 2:1 со двата гола на Хорст Хрубеш, кој беше во состав само затоа што Клаус Фишер скрши нова. Второ Европско за Германците по освојувањето на пехарот во 1972-ра.
Натпреварот за трето место не беше атрактивен за око и беше сметан за чиста досада. Го доби Чехословачка на пенали со 9:8.
Сторијата за лудиот пресврт на Југославија на првото Европско.