За Меси ако треба нека те носат и седум полицајци

Ни пријателски меч меѓу Аргентина и Австралија игран во Кина, не помина без натрапник на терен кој влетал да го гушне и да се слика со својот миленик. Царот се смеел кога го ваделе од терен.

Аргентина ја продолжи својата победничка низа и после освоеното Светско првенство. Со 2-0 синоќа ја совлада Австралија а уште на стартот од мечот прекрасен еврогол даде Лионел Меси.

Во 68’ минута Херман Пецела само ја потврди победата.

Во текот на натпреварот еден млад навивач упаднал на терен и тргнал да се поздрави со Меси. Стигнал. Ама набрзо полицајците го извадиле од стадион.

 

16 јуни 2023 - 14:08