"Од толку денови во годината, токму баш денеска. Госпоѓо Меркел, како можевте? Дали нашата канцеларка е таен обожавател на холандската репрезентација?", се прашуваа медиумите во Германија.
Меркел е голем фан на националниот состав, таа пред почетокот на првенството, сосема неочекувано се појави во базата на репрезентацијата во Гдањск и имаше средба со избраниците на селекторот, Јоаким Лев.
Таа често пати се наоѓа на трибините на стадионите каде настапува репрезентацијата, но сега очигледно заборави дека изборот на гардеробата може да предизвика реакција.
За среќа на Германците, портокаловиот костум не им беше малер на фудбалерите, кои вечерва успеаа да забележат победа во дуелот против Холандија и со овој триумф го обезбедија настапот во втората фаза од Европското првенство.