Легендарниот Бора Чорба и Црвена Ѕвезда беа во посебна врска. Навивачите ќе го паметат вечно. Пишуваше песни за црвено белите, а беше и во Бари 91 за да ги бодри во живо кога ја освоија Лигата на шампионите.
Бора за тој незаборавен провод има зборувано повеќе пати.
„Речиси и да немаше трезни луѓе на стадионот. Ја бев водач на тоа патување и пишував за тој историски пат за Франкфуртските вести. Колумната се викаше „Лудиот воз и бродот на лудаците. Значајни залихи на алкохол беа уништени уште во возот заедно со адекватното урлање на навивачките песни, така што на бродот останавме без пиење. Грчкиот сопственик на изјнамениот траект направи ужасна грешка и не дозволи алхолот на неговиот брод, полн со млади и жедни луѓе. Тоа го чинеше обивање на шанкот од страна на моите сонародници од Чачак. Само што легнав во кабината да се одморам, ме разбудија, ми донесоа хектолитри алкохол и забавата продолжи“, раскажува Бора.
„Во Бари, Италијанците не дозволуваа пиење, но флашите од некаде се појавуваа на чудесен начин и брзо се празнеа. Со луѓето се дружеше Здравко Чолиќ кој ги делеше последните капки со сите. На стадионот се пееше онаа неговата „Чија је оно Ѕвезда“.
Кога Панчев го постигнал голот од пенал за титула имало солзи.
„Кога станавме шампиони, секако дека имаше солзи, бидејќи ни фрлија солзавец. Но беа благи, па ги замолив со убаво, ајде фрлите нешто посилно, се навикнавме на подобро. Најдобар играч беше Пикси. Среќа што влезе при крајот и кога неколку пати ни ја измеша одбраната, се смрзавме од страв. Одби да шутира пенал. Капа доле за гестот. Враќањето беше триумфално. Лудаците се пентареа кај стигнат. Гркот се опамети и дозволи алкохол. Еден навивач со сета сериозност ми рече: `Да не победевме, ќе го потоневме бродот среде море`. Бродот остана цел и заплови во Бар“.
Црвена Ѕвезда на Бора пред само неколку дена му подари нов пласман во ЛШ, а од Маракана против Бодо Глимт одекна: "Ponosan budi", една од песните која ја има напишано за Делии.