Во шума празни признанија, Атлетик Билбао дава едно посебно вредно

Баскиската гордост Атлетик Билбао е тврд орев на кој често заби кршат Барселона и Реал Мадрид. Токму синоќа „кралевите“ изгубија 2-1 а Атлетик се приклучи при самиот врв во трката за шампионска титула. Пред мечот луѓето од Билбао му подариле посебно признание „One-Club Man“ на легендарниот фудбалер на Италија и Интер, Бепе Бергоми.

Пред почетокот на натпреварот Атлетик Билбао - Реал Мадрид, некогашниот децениски капитен на Интер Бепе Бергоми доби признание од баскискиот клуб кој од 2015-та година со големи почести наградува фудбалери и фудбалерки кои целиот свој фудбалски век играле само за еден клуб.

Во 2016-та оваа награда ја доби Паоло Малдини за тоа што целата своја кариера му ја посвети на својот Милан, а сега ја доби и почесниот капитен и легенда на Интер Џузепе Бергоми.

Овој култен капитен одигра 757 натпревари за Интер во 20 сезони, од 1979-та до 1999-та.

Покрај него, претходно наградата ја добиваа уште и:

2023: Жоао Пинто - 587 настапи за Порто (16 сезони, 1981-1997)

2022: Рикардо Енрике Бокини - 634 настапи за Индепендиенте (19 сезони, 1972 -1991)

2020: Рајан Гигс - 672 настапи за Манчестер Јунајтед (24 сезони, 1990 - 2014)

2019: Били Мекнеил - 486 настапи за Селтик (18 сезони, од 1957 - 1975)

2018: Карлес Пујол - 392 настапи за Барселона (16 сезони, од 1999 до 2014)

2017: Сеп Мајер - 473 настапи за Баерн Минхен (17 сезони, од 1962 до 1979)

2016: Паоло Малдини - 647 настапи за Милан (25 сезони, од 1984 до 2009)

2015: Метју Мет Ле Тисие - 443 настапи за Саутемптон (16 сезони, од 1986 до 2002)

Кај жените, наградата за верност кон еден клуб од Атлетик Билбао ја добиле фудбалерките:

2019: Малин Мостром (Умеа ИК, 13 сезони од 1995 до 2007)
2020: Пиа Вундерлих (ФФЦ Франкфурт, 16 сезони од 1993 до 2009)
2021: не се доделувала награда поради глобалната пандемија.
2022: Џенифер Зитц (Турбин Потсдам, 16 сезони од 1999 до 2015)
2023: Матилде Мартинез (Фундасион Албасете, 14 сезони од 2008 до 2022)
2024: Марија ГСТОТНЕР (Нојленгбах, 24 сезони, од 1998 до 2022)

5 декември 2024 - 11:54