Во новата Лига на шампиони Бодо Глимт, Пафос, Карабах и Каират?

Квалификациите за Лига на шампиони сè уште се во тек, но по првите одиграни средби, пред реваншите, веќе ѕиркаат евентуални сензационални пласмани во најелитната лига на свет.

Норвешкиот шампион Боде Глимт со 5-0 го размонтира австрискиот првак Штурм Грац на свој терен и речиси сигурно обезбеди прв историски настап во Лига на шампиони.

Норвежаните уште во првиот дел до врв ја наполнија мрежата на Австријците со 3-0, а со уште два гола во втор дел ја запечатија судбината на Штурм Грац. Реваншот ќе биде само формалност.

Боде Глимт минатата сезона стигна дури до полуфинале на Лига Европа, а сега сака да игра во Лига на шампиони.

БАЗЕЛ - КОПЕНХАГЕН

Во уште едно интересно западно-европско дерби, швајцарскиот шампион Базел после долги години заигра во квалификации за Лига на шампиони. Противник им беше данскиот првак Копенхаген.

Средбата заврши 1-1 со головите на ветеранот Ѓердан Шаќири во 14' минута од пенал и Габриел Переира кој израмни во третата минута од судиското продолжение пред крај на првиот дел.

На овој натпревар главниот судија Ентони Тејлор покажа дури шест жолти картони и еден црвен.

ФЕНЕРБАХЧЕ - БЕНФИКА

Од најголемото дерби на вечерта се очекуваше многу но не испадна ништо, дуелот заврши без голови.

Мурињо играше против шампионот на неговата Португалија Бенфика но не успеа да го скрши бедемот пред голот на гостите па на реваншот на „Луж“ ќе одат без предност следниот вторник.

СЕЛТИК - КАИРАТ

Најголемо изненадување направи шампионот на Казахстан кој успеа да ја сочува мрежата на „Селтик Парк“ во Глазгов и да не прими гол од големиот фаворит.

Следната недела реваншот ќе се игра во Астана каде Каират ќе се обиде да го урне најтрофејниот шкотски колектив и да обезбеди учество во богатата Лига на шампиони.

Каират претходно ја елиминираше Олимпија Љубљана.

Претходно во вторникот вечер, голем чекор кон пласман во Лига на шампиони направија и кипарскиот шампион Пафос кој ја совлада Црвена звезда на гости, како и Карабах кој со 1-3 го декласираше унгарскиот првак Ференцварош.

Реваншите се следната недела.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ПРВИ НАТПРЕВАРИ:

Вторник:

Ференцварош - Карабах 1:3 (1:0)
Ренџерс - Клуб Бриж 1:3 (0:3)
Црвена звезда - Пафос 1:2 (0:1)

Среда:

Боде Глимт - Штурм Грац 5:0 (3:0)
Базел - Копенхаген 1:1 (1:1)
Фенербахче - Бенфика 0:0
Селтик - Каират 0:0

21 август 2025 - 09:06