Во меѓувреме одиме до турскиот фудбал

Во втората турска лига на мечот меѓу Ѓезтепе и Алтај, главниот судија и делегатот решиле да го прекинат натпреварот после серија големи инциденти. Во еден момент домашен навивач упадна на терен и со корнер знаменце со сета сила го удираше гостинскиот голман. А во текот на дуелот од гостинската трибина полетала ракета кон домашната трибина каде тешко биле повредени две деца и еден возрасен човек кој бил во критична состојба.

Турските медиуми веќе соопштуваат детали од истрагата, па така наводно ракетата која била испалена од гостинскиот сектор, во тоалетот на стадионот претходно ја оставил некој возач на возилото за Брза помош.

Пратеници од турскиот парламент во сериозна дебата ги осудија инцидентите, а некои пратеници бараат и двата клуба да бидат исфрлени од лигата моментално.

 

28 ноември 2022 - 09:00