Во Аргентина дебитираше 14-годишно дете

Со само 14 години и 29 дена, Матео Аполонио стана најмладиот дебитант во историјата на аргентинскиот и веројатно светскиот фудбал. Тој во четвртокот вечер влегол во игра од клупа за резерви на мечот меѓу второлигашот Депортиво Риестра и Њуелз Олд Бојс (0-1) од осминафинале на Купот на Аргентина.

Матео Аполонио го урна рекордот на Серхио Аугеро кој за Индепендиенте заигра на 5. јули 2003-та година на само 15 години и 33 дена што значи дека рекордот бил подолг од 20 години.

Тренерот на Депортиво Риестра, Кристијан Фабиани минатата сабота му најавил на малиот Матео Аполонио дека ќе го викне со првиот тим.

„Бев во дневната дома кога мајка ми ми се јави а татко ми плачеше по телефон. И ми кажа: „Те викнаа во прв тим“. Ова е единствено искуство без разлика што ќе се случи, раскажал Аполонио на видео објавено на Твитер.

 

17 мај 2024 - 14:41