Ултра интересна ждрепка за Лига на шампиони: Мадридско дерби Реал - Атлетико, Ливерпул во Париз

УЕФА денес точно напладне во своето седиште во Нион ги извлече паровите за осминафинале во Лига на шампиони. Според новиот формат односно новата ждрепка, денес се влечеа паровите за осминафинале, четвртфинале и полуфинале.

Според правилникот на новиот формат, на ждрепката, тимовите кои беа прв и втор во лигашката фаза, беа предодредени да играат со победниците од двомечот во баражот во кој играа екипи од 15-то до 18-то место.

Екипите пак кои беа на трето и четврто место, ќе играат со победниците од натпреварите во баражот составен од тимови кои беа на 13, 14, 19 и 20 позиција.

ПСЖ - ЛИВЕРПУЛ
РЕАЛ МАДРИД - АТЛЕТИКО МАДРИД
ФЕЕНОРД - ИНТЕР
БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ЛИЛ
КЛУБ БРИЖ - АСТОН ВИЛА
ПСВ АЈНДХОВЕН - АРСЕНАЛ
БАЕРН МИНХЕН - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
БЕНФИКА - БАРСЕЛОНА

Според новиот формат на ждрепка, предвидени се и паровите за четвртфинале и евентуални парови за полуфинале, односно кој против кого би можел да падне:

ПСЖ/ЛИВЕРПУЛ - КЛУБ БРИЖ/АСТОН ВИЛА
РЕАЛ МАДРИД/АТЛЕТИКО МАДРИД - ПСВ/АРСЕНАЛ
БЕНФИКА/БАРСЕЛОНА - БОРУСИЈА ДОРТМУНД/ЛИЛ
БАЕРН МИНХЕН/БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - ФЕЕНОРД/ИНТЕР

Осминафиналните дуели се на 4-ти и 5-ти март со реванши на 11-ти и 12-ти март. Четвртфиналето е на 8-ми и 9-ти април со реванш натпревари планирани за една недела подоцна на 15-ти и 16-ти април. Полуфиналните средби се фиксирани за 29-ти и 30-ти април и нивни реванши на 6-ти и 7-ми мај.

Големото финале е закажано за „Алијанц Арена“ во Минхен на 31-ви мај.

20 февруари 2025 - 11:58