Украински голман на Бенфика не се поздрави со Русинот од Монако

Монако и Бенфика одиграа тотално луд натпревар во 5. коло од Лига на шампиони. Французите водеа 2-1 дури до 84-та минута кога гостите од Португалија преку Кабрал прво израмнија а во 88-ма и дадоа гол за 2:3 и победа. Пред мечот на поздравување голманот на Бенфика и украински репрезентативец Анатолиј Трубин не му подаде рака на рускиот фудбалер од Монако Александар Головин.

28 ноември 2024 - 08:26