Убаво видео претставување на Елмас

Елиф Елмас и официјално е нов член на Торино каде ќе настапува како позајмен фудбалер до јуни. Платата не му е воопшто лоша.

Македонскиот репрезентативец направи кам бек во Италија, а тоа е и паролата со која Торино го претстави во видеото.

Се работи за позајмица и можност за откупување на догоровот на крајот од сезоната за сума од 17 милиони евра.

Според првичните информации, Торино ќе му ја покрие годишната плата на Елмас од 1,5 милиони евра.

Тој ја напушта Бундеслигата поради слабата минутажа во Лајпциг каде сезонава имаше само 6 настапи на сите натпреварувања.

Претходно беше дел од Наполи пет сезони и освои Скудето, како и Куп на Италија.

Во Торино се очекува да добие поголем простор. Моментално се 10-ти на табела, а во сабота со почеток од 18:00 часот и гостуваат на Аталанта. 

Кам бек на Елмас во Серија А со насмевка и шал на Торино

30 јануари 2025 - 11:44