Турција декласирана во Црна Гора, хет-трик на Крстовиќ

Во последното коло од групната фаза на Лига на нации, Црна Гора која од клупата ја води легендарниот Роберт Просинечки, ја растури Турција со 3:1. Јунак на мечот беше центарфорот на Лече, Никола Крстовиќ кој постигна хет-трик со три прекрасни гола. Единствениот погодок за Турците го даде Кенан Јилдиз. Натпреварот се играше на стадионот во Никшиќ каде поради обилни дождови теренот беше каллив.

Од оваа група Велс оди во А дивизија, Турција заврши втора, Исланд како трет ќе игра бараж за опстанок во Б дивизија а Црна Гора испаѓа во Ц дивизија.

Standings provided by Sofascore
20 ноември 2024 - 10:27