Туку брат му на Белингем каков еврогол даде

Во дуелот меѓу двата клуба од Чемпионшип кој често играа и во Премиер лига, Саутемптон со 4-2 го совлада Сандерленд. Гостите во 71-ва минута имаа 2-2 кога брат му на големата суперѕвезда на Реал Мадрид Белингем, Џоби Белингем (18) постигна прекрасен гол во стилот на постариот Џуд.

Џоби Белингем досега сезонава на 38 меча во сите турнири постигнал шест гола и има една асистенција. Џоби Белингем има 18 години а брат му Џуд има 20. Двајцата фудбалски растеле во Бирмингем каде тренирале уште од најрана возраст пред Џуд да замине во Борусија Дортмунд во јули 2020-та а Џоби во Сандерленд во јуни 2023-та.

11 март 2024 - 09:03