
Наполи е шампион на Италија и заедно со Интер, Аталанта и Јувентус следната сезона ќе играат во Лига на шампиони.
Рома оди во Лига Европа, заедно со Болоња како освојувач на Купот, а Фиорентина ќе игра во Конференциска лига.
Во Серија Б се селат Емполи, Венеција и Монца. Разочарувачки крај на сезоната за Лацио и Милан кои останаа без место во Европа.
Јувентус се избори за посакуваното четврто место со триумф над Венеција на гости од 2:3, а тоа значеше пирова победа за Рома на гости против Торино од 0:2, кои останаа на -1.
Капитални 3 бода освои Фиорентина на гостувањето во Удине, која скокна на шеста позиција, што значи пласман во третото по ранг клупско европско натпреварување.
Лацио остана и без тоа, бидејќи киксираше дома со Лече 0:1, кој пак на Олимпико прослави опстанок.