- Невидено насилство е забележано на натпреварот меѓу Фортуна и Пчиња, одигран во скопското село Сингелиќ, во рамките на Третата фудбалска лига - Север.
- Натпреварот бил прекинат при резултат 1-1, во 75. минута, откако гостинските фудбалери одбиле да продолжат.
- Според информациите од тимот на Пчиња, прво домашната публика ја нападнала гостинската, составена главно од родители и роднини на играчите на Пчиња, а потоа на сцена стапиле фудбалерите на Фортуна кои крвнички го претепале голманот на противничкиот тим Никола Стојановски.
- Почнал еден од резервните фудбалери, а му се придружиле уште петмина кои го клоцале додека тој не загубил свест. Соиграчите на голманот се обиделе да му помогнат, но и тие биле нападнати.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.