Трите црвени картони за Лацио со Милан

Со голот на резервистот Ноа Окафор во 88' минута, Милан го победи Лацио на гости 0:1 во меч кој ќе се памети поради еден куп нефудбалски епизоди на теренот.

Уште на стартот од мечот главниот судија Марко Ди Бело имаше многу работа затоа што двете екипи тензично влегоа во средбата.

Во 12' минута по еден кикс на бекот на Милан Флоренци, голманот Мењон тргна во топката и попатно го собра и центарфорот на Лацио Кастељанос кој притоа беше подалеку од топката. Сите судии како на теренот така и во ВАР собата проценија дека нема пенал.

Ова ги разгневи играчите, навивачите и клупата на Лацио кои од тој момент играа под голем набој и нервоза.

Летаа картони на сите страни а секоја судиска одлука беше бурно исвиркана од фудбалерите и навивачите на Лацио. Жолт картон поради протест доби и тренерот на домаќините Маурицио Сари.

Во вториот дел дури тројца фудбалери на Лацио добија црвени картони.

Во 56' минута левиот бек Лука Пелегирини наивно го фаулираше Кристијан Пулишиќ кој не застана додека играчите на Лацио бараа прекшрок над нивен соиграч и доби втор жолт картон во само седум минути и автоматски црвен:

Од тој момент нервозата кулминираше. Милан постигна гол во 89' минута за 0-1 а во судиското продолжение црвени картони добија Адам Марушиќ и Гендузи, првиот поради прекршок и приговор, вториот поради груб фаул кога намерно го удри Пулишиќ во лице:

2 март 2024 - 10:01