Тотенхем се збогува со Сони кој оди за САД

Тотално неочекувано долгогодишниот капитен на Тотенхем, симболот на овој клуб, Кореецот Хонг-мин Сон најави во саботата вечер дека за некој ден си оди од клубот и ги шокираше навивачите. Денес на пријателска против Њукасл во неговата татковина, во Сеул, за последен пат го носеше дресот на Спарс. Му направија почесен коридор, го фрлаа во воздух, а цел стадион со стоечки овации го испрати. Ќе оди во САД каде ќе игра за Лос Анџелес како најскапо платен играч во целата МЛС лига.

За жал на овој натпревар потешко се повреди Џејмс Медисон, фудбалерот на Тотенхем кој му е воедно и голем другар на Сон и кој синоќа изјави дека не може да го замисли клубот без него ниту Кореецот без Тотенхем. 

3 август 2025 - 16:07