Тотално надреално промашување кое го обиколи светот
Во 16. рунда од шпанска Ла Лига, во мини-дербито Севиља дома со 1-0 го победи Виљареал со гол на Лукас Окампос во 16' минута. Ама она што го промаши Жерар Морено во самиот финиш за да му донесе бод на својот тим уште е причина за чудење на интернет.