Топот од Саутемптон, врвниот изведувач на слободни во Премиер лига

Саутемптон продолжи да игра стани-пани во англиската Премиер лига, па синоќа претрпе нов пораз, овојпат од Вулверхемтпон на гости со 3-1. Но овој меч најмногу се зборува поради невозможниот слободен удар на капитенот на гостите Џејмс Ворд-Праус кој веќе подолго време од актуелните играчи е најдобар егзекутор од слободни удари во Премиер.

Ворд досега има 12 гола од слободен, ја дели втората позиција со Џанфранко Ѕола и Тиери Анри, а на вечната листа прв е Бекам со 18.

По 9 погодоци од слободен удар во најдобрата англиска лига постигнаа Нолберто Солано, Џејми Реднап и Френк Лампарт. Хуан Мата има 8 гола од слободен удар во Премиер, колку што постигна и сјајниот Данец Кристијан Ериксен.

 

 

 

17 јануари 2022 - 09:19